August 10, 2020, 6:20 am

БУГАРИТЕ ПРОЛУПАА: Покрај македонскиот јазик, БАН тврди дека и српскиот произлегол од бугарскиот

Поврзано

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Во 2001-ва од пoдметнати миHи кај Љуботенски бачила 3aгинаа осум бранители на Македонија

На 10 август 2001 година во 08,00 часот на месноста викана Љуботенски Бачила на шумскиот пат меѓу село Љубанци...

Неофицијално се откриваат имињатa на новиот премиер и министрите

Политичките партии веќе разговараат, покрај изборната програма и нивната хармонизација, и за евентуалните имиња во ресорите што тие ќе...

Д-р Даниловски: Очекувана е бројката од 200 новозapaзени и нови кластери

Очекувана е бројката од 200 ново заразени од Ковид 19 и нови кластери по забавите на излетнички места, а...
- Advertisement -

Бугарската академија на науките (БАН) во фамозната книга „За официјалниот јазик на Република Македонија“ не го присвојува само македонскиот јазик, туку тврди дека и српскиот произлегол од бугарскиот.

Во неодамна објавеното дело БАН наведува дека се бугарски корените на јазикот во краиштата од Дунав до Гевгелија и од Копаоник до Тимок, Пчиња и Охрид.

За ова здружението „Спона“ од Македонија ја известило Српската академија на науките и уметностите (САНУ) да реагира, а тоа го стори Виктор Савиќ од Институтот за српски јазик на САНУ и од катедрата за српски јазик на Филолошкиот факултет во Белград.

Тој за ТВ Прва ја нарекува „памфлет“ книгата на БАН и вели дека српскиот јазик, како и сите словенски јазици, потекнува од прасловенскиот и оти во времето кога се формирал српскиот, Бугарите воопшто не биле Словени.

Савиќ додава дека Бугарите дошле подоцна од Србите на Балканот и оти тогаш ѝ припаѓале на турската група народи, како и некои други номади што поминувале во овие краишта.

„Словените кои се нашле на територијата на Бугарија во тој момент се асимилирале и почнале да се идентификуваат како Бугари, додека нашиот идентитет се формирал исклучиво како српски“, објасни историчарот на српскиот јазик.

Еден дел од српските говори им припаѓа на призренско-тимочките говори, кои се формирале на територијата на денешна Метохија, па со миграциите се развлекле и до Софија и малку на територијата на денешна Македонија, наведува Савиќ и додава дека Бугарите сметаат дека овој говор е всушност бугарски, бидејќи има поедноставна граматичка структура и личи на нивниот јазик.

Latest News

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Во 2001-ва од пoдметнати миHи кај Љуботенски бачила 3aгинаа осум бранители на Македонија

На 10 август 2001 година во 08,00 часот на месноста викана Љуботенски Бачила на шумскиот пат меѓу село Љубанци...

Ekcплозијата во Бејрут cpaмни сè околу, но во православната црква недопpeн остана олтарoт

Само 12 минути пред разорната екплозија, свештеникот Јуил Насив со децата ја напуштил неговата грчка православна црква „Свети Димитрија“ во Бејрут. По силниот удар,...

Денеска е Св. апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 јули. Денеска е Св. апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен. Овие се четворица од ѓаконите на првата,...

Неофицијално се откриваат имињатa на новиот премиер и министрите

Политичките партии веќе разговараат, покрај изборната програма и нивната хармонизација, и за евентуалните имиња во ресорите што тие ќе ги водат. Бидејќи наголемо се шпекулира...

Д-р Даниловски: Очекувана е бројката од 200 новозapaзени и нови кластери

Очекувана е бројката од 200 ново заразени од Ковид 19 и нови кластери по забавите на излетнички места, а бројката ќе се задржи и...

More Articles Like This