БУГАРИЈА НЕМА ДА НЕ ПОДДРЖИ ВО ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ: Ако не прифатиме дека Миладиновци и Гоце се Бугари, нема евроинтеграции!

  • August 21, 2017

Европратеникот Ангел Џамбаски од партијата на Каракачанов, министерот за одбрана во владата на Бојко Борисов, пред бугарските медиуми отворено зборува за она од што Заев и СДСМ бегаат како од чума – што всушност потпишавме во договорот со Бугарија.

Џамбаски уште еднаш појаснува дека со потписот на договорот, Македонија ѝ отвора можност на Бугарија да ја уценува Македонија на промена на официјалната историја и учебниците по историја, презентирајќи ги сопствените факти како ултимативни, односно доколку Македонија не прифати дека браќата Миладинови и Гоце Делчев биле Бугари, официјална Софија нема да даде согласност да продолжи со евроинтеграциите.
Треба да запрат тие безумни кражби на нашата заедничка историја, не можеш посмртно да преименуваш починати луѓе. Не можеш да кажеш дека браќа Миладинови не напишале бугарски народни песни од Македонија, затоа што браќа Миладинови напишале бугарски народни песни од Македонија. Не можеш да кажеш дека Гоце Делчев не е Бугарин кога имаш безбројни цитати, вели Џамбаски и додава дека е недопустливо да се прават такви фалсификати и тоа треба да биде спречено.
– Сега веќе ја имаме можноста, отворената врата овие процеси да бидат сопрени, вели тој.
На ова предупредуваше и ВМРО-ДПМНЕ, која издели неколку сегменти од договорот како многу спорни и проблематични, обвинувајќи го Заев дека не го ставил на јавен увид и расправа, туку го потпишал на своја рака, а последиците од тоа, како што гледаме, ќе се катастрофални.
Со потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, Македонија како да потпиша 200 мали договори за преговори со Грција под БЈРМ, имајќи предвид дека Бугарија може да го оспорува секој историски лик и да нѐ условува да прифатиме дека бил Бугарин, а не Македонец. Крајната цел, како што се гледа и од целиот договор во кој никаде не е спомнат македонскиот народ, е утврдување на позициите на националистичките струи во Бугарија дека Македонија и македонскиот народ и историја имаат бугарски карактер. Сето ова Заев, Димитров и Шекеринска го знаеја, но без размислување го прифатија, анализира Република.

Претходно «
Следно »