БУГАРИЈА СЛАВИ ЗА РАТИФИКАЦИЈАТА НА ДОГОВОРОТ: Заев на зелена маса ја избриша Македонската историја, јазик и култура!

  • January 15, 2018

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Македонија се темели на европските вредности кои го прават регионот пообединет и посилен, соопштија од бугарското МНР поздравувајќи ја ратификацијата на Договорот за добрососедство во македонското Собрание.

Ратификацијата на договорот е пречекана со еуфорија во Бугарија. Радост кај бугарските политичари на ратификацијата на договорот за добрососедство со Бугарија според кој македонската страна се согласи дека ќе ги менува учебниците по историја, се откажува од заштитата и поддршка на Македонците во Бугарија и се откажува од македонскиот јазик.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов го поздрави македонскиот Парламент за кој вели дека покажал желба за градење на модерни и европски односи на пријателство и доверба помеѓу двете земји.

Колешката на Никола Димитров, Екатарина Захариева на нејзиниот Фејсбук профил ја поздрави веста за ратификацијата на договорот која потенцираше дека тој ја потврдува дека договорот бил важен елемент за европската перспектива на Македонија.Честитка до Талат Џафери испрати и претседателката на бугарското Собрание која потенцираше дека со тоа се потврдувал широкиот политички консензус и категорична желба за отворање на нова страница помеѓу односите на двете земји.

Меѓу политичарите кои веднаш на поздравија оваа одлука на македонското Собрание беше и претседателот на парламентарната група на владејачката ГЕРБ кој го поздрави Заев потенцирајќи дека кога сме поблиски сме посилни.

Експертите предупредуваа на несиметричноста на договорот во кој само Македонија е таа која попушта а исто така дека овој договор остава отворена можност Бугарија да се заканува и да ја блокира Македонија во евроинтеграцииите.

Иако Никола Димитров од собраниската говорница изјави дека со овој договор ниту ние, ниту Бугарија не сме целосно среќни, еуфоријата кај бугарските политичари и бугарската јавност го говори спротивното.

Претходно «
Следно »