Бугарската Влада ja yтвpди пoзициjaтa зa пpeгoвapaчкaтa paмкa зa Македонија

Поврзано

Усвоен здравствениот протокол за спроведување на пописот

На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата денеска го усвои Протоколот за превентивни мерки при спроведување на Пописот...

Koj го пoceтyва Caшо Миjaлкoв вo keлиjaта во Шyткa?

Екс директорот на УБК беше осуден на 12 годишна затворска казна за случајот со нелегалното прислушкување во Македонија и...

Бројот на новозaболени скокна на 23 отсто од тестираните

Скокна бројот на позитивни тестови. Откако имаше период кога бројот на позитивни тестови беше околу 15 отcто од бројот...
- Advertisement -

Бугарската Влада вчера на вонредна онлајн седница го утврди ставот на официјална Софија за преговарачките рамки за пристапување на Македонија и на Албанија во ЕУ, што треба да бидат разгледани на состанокот на Советот за општи работи на 17 ноември, соопшти владината прес-служба.

„Бугарија е меѓу најсилните застапници на процесот на проширување на Европската унија. Нашата земја ја крена темата високо на агендата на ЕУ за време на нејзиното претседателство со Европскиот совет во 2018 година. Европската перспектива е најсилната мотивација за транзиција кон демократско владеење и пазарна економија на Западен Балкан“, се вели во кусото соопштение од владиниот состанок.

Повеќе информации не се соопштуваат, ниту пак детали во врска со утврдената позиција. Бугарија на последниот состанок на амбасадорите на ЕУ на 6 ноември се спротвстави на усвојувањето на преговарачката рамка за Македонија. Софија го извести Брисел дека не е во можност да ја прифати предложената рамка за преговори и придружната нацрт-декларацијата со образложение дека не ги даваат потребните гаранции за исполнување на поставените бугарски услови.

Latest News

Ако владин функционер рече дека податоците на Транспаренси се само перцепција, треба да заврши неговата кариера

Hашата држава треба да почне од почеток да го гради системот. И мислам на градење на луѓе. Ќе ни...

More Articles Like This