БУГАРСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НЕ СЕ СОГЛАСУВА СО „СЕВЕРНА“ МАКЕДОНИЈА: Името „Северна Македонија“ означува иpeдeнтизaм кон Пиринска!

  • December 23, 2018

Бугарскиот претседател Румен Радев изрази несогласување со името Северна Македонија за западниот сосед во интервју за радиото Дарик.

Не се согласувам со името Северна Македонија. Што е Пиринскиот крај во однос на Северна Македонија? Тоа не ли е проблем со иредентизмот? Ние самите велевме дека името не треба да содржи географска одредница. Содржи ли тоа име? Содржи, објасни тој.

Шефот на бугарската држава ги искритикува и Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, како и стоењето на Бугарија настрана за Преспански договор. Со тоа, според него, премиерот Бојко Борисов пропуштил шанса да биде номиниран за Нобелова награда со неговите колеги Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Владата побрза да го потпише Договорот за добрососедство со Македонија без внатрешна дебата, без внатрешен консензус и без дискусија со Грција. Ние сме во еден взаемно зависен триаголник – кога две страни ќе се разберат за нешто, тоа ја вовлекува третата страна. Каде видовте јавна расправа за тој договор или меѓу институциите? Знаете дека Договорот се бараше низ канцелариите на секциите на Парламентот. Според мене, се брзаше за слава. Само што славата, историски погледнато, доста често чини скапо. Проблемот е што за основа на тој договор се зема Декларацијата од 1999 година меѓу Иван Костов и Љупчо Георгиевски, а во тие 20 години имаме динамика на процесите на Балканот. Имаме два нови фактора – членството во НАТО и во Европска унија, објасни Радев.

Кога бев во посета на македонскиот претседател Ѓорге Иванов во февруари кажав пред него и пред сите медиуми за време на прес-конференцијата дека решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција треба да се случи со учество на Бугарија. Само што за тоа се бараат храброст и сила. Ја бев многу критикуван за тој свој став, дека ги уривам дипломатските напори на Владата. Ако бугарската Влада најдеше волја и сили да се вклучи и таа во решавањето на тој спор, сега најверојатно ќе ги немаше тие остри реплики меѓу Софија и Скопје. Ќе беше многу полесно и во однос на т.н. македонски јазик, и за тоа кога почнува и завршува нашата заедничка историја, немаше сега таа заедничка комисија да стои една година и да не реши ништо. Можеби ќе ја имавме и таа огромна шанса бугарски премиер да биде предложен заедно со Заев и со Ципрас за Нобелова награда за мир, што ќе беше неспорен успех“, заклучи претседателот на Бугарија.

Претходно «
Следно »