БУЧКОВСКИ АМБАСАДОР ВО САД: Ивор Мицковски не сака да поверува, се надева дека ова е лажна вест

  • October 14, 2018

Според неформалниот список на министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, името на избрканиот член на СДСМ, Владо Бучковски е резервирано за амбасадорското место во САД, објави Магазин.

Поранешниот премиер и претседател на СДСМ според тоа е потенцијалниот кандидат за амбасадор на Република Македонија во Соединетите Американски Држави.

Бучковски, кој е познат и по аферата „Маѓар Телеком“ и „Тенковски делови“, беше исклучен од партијата во 2012-та, но во последно време односите се затоплуваат.

Ваквата вест ја коментираше и поранешниот директор на центарот за комуникации на СДСМ, Ивор Мицковски кој вели дека се надева деа ова е лажна вест, како што се надева дека не е вистина дека Македонија е ужасно место, полно со ужасни луѓе.

 

Претходно «
Следно »