January 23, 2021, 9:50 am

Бучковски е познат со своите aнтимakедонски ставови за односите со Бугарија, неговото назначување е длабок aнтимaкедонски чин и тeшко пpeдавство со немeрливи пocледици

Поврзано

Време е за соборување на оваа Влада, им виси мнозинството

За жал Власта сака да прави политички попис. Ние како опозициска партија дадовме шанса за заеднички да седнеме и...

Шилегов: Ќе побарам поддршка од Заев за втор мандат

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов,во вечерашното издание на „360 степени“ рече дека планира повторно да се кандидира за...

Заев: „Нема правда, ако не ја зборувате вистината од почеток до крај“

Нема правда, ако не ја зборувате вистината од почеток до крај“, рече премиерот Заев одговарајќи на прашањето дали со...
- Advertisement -

Политичката партија, Единствена Македонија, најостро реагира и силно го осудува назначувањето на Владо Бучковски за специјален пратеник со Бугарија.

Во соопштението на партијата се наведува дека Бучковски е познат со своите антимакедонски ставови за односите со Бугарија.

„Бучковски на двапати го пљачкаше буџетот, еднаш преку Иснифарис Џемаили и втор пат преку набавката на т.н. тенковски делови за тенковите од Бугарија. Исто така, Бучковски носи вина за погибијата кај Карпалак како министер за одбрана кој не презел одредени службени дејствија што бил должен да ги преземе бидејќи дури 40 дена пред трагичниот настан му беа доставени за натамошно постапување оперативни податоци дека на брдото кај Карпалак има вкопано група со прецизни податоци за нејзината локација, движење, воружување и бројност. Назначувањето на Бучковски како крајно сомнително лице за прашања од витално значење за националните и државните интереси, во основа е длабок антимакедонски чин и тешко предавство со немерливи последици за Република Македонија.

За Единствена Македонија нема дилема. Се што ќе потпише владата во Скопје со кое на Бугарија се поклонува македонската нација, јазик, историја како и откажувањето од Македонците во Пиринска Македонија, ќе биде поништено“, се наведува во соопштението.

Latest News

Од koмпликации од кopoнавирус пoчинa мaкeдoнcкиот актep

Актерот Љупчо Тодоровски – Упа почина вчера на 65 години по компликации од Ковид-19. Роден е 1956 година во Скопје....

More Articles Like This