БУЧКОВСКИ СО ПОФАЛБА ЗА ОПОЗИЦИЈАТА: Ова е одличен резултат за ВМРО-ДПМНЕ, во СДСМ нема место за еуфорија, треба да се пребројат

  • May 6, 2019

-Ова беше најизвесната трка, се покажа како добитна комбинација што владеачката партија се договори со владеачката ДУИ. Но, очигледно според резултатите и оние поддржувачи на Река, барем половината од нив имаат излезено на овие избори за Пендаровски, истакна екс-премиерот Владо Бучковски во вчерашното отворено студио за претседателските избори на ТВ Сител.

-Гледајќи ги резултатите, во мнозинството општини каде што доминатно е македонско гласачко тело, имаме победа на ВМРО-ДПМНЕ. И овој резултат од 370 илјади е одличен резултат за ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека и во најоптимистичките варијанти се предвидуваа 350 илјади гласови, бидејќи јасно беше дека има поголем резервоар на гласачи не само Албанци, туку и оние кои беа апстиненти во првиот круг за Пендаровски. Очигледно е дека после овие избори, нема место за еуфорија во СДСМ. СДСМ и она ветување што го даде Заев, ќе биде клучот дали ќе влезе како фаворит на парламентарните избори. ВМРО-ДПМНЕ дефинтивно после овие претседателски избори е компетитивен, повторно силен и ќе биде сериозна закана за актуелната владеачка коалиција, додаде тој.

Претходно «
Следно »