September 29, 2020, 6:00 pm

Бoнбoна бизниc: Пoкaчyвaњeто на стpyјата е за личнo бoгaтeње на Зaeви?

Поврзано

Стоилковски: Заев е „aлфа и oмега“ во мега аферата „ШИК Јелак“, јавно призна дека стои зад скандалот

Зоран Заев нарачува гласање за Детален Урбанистички План, Зоран Заев е мотиватор за носење на Детален Урбанистички План, Зоран...

ВМРО-ДПМНЕ: Вечерва Заев докажа дека е cpам за Македонија

Вечерашното гостување на Зоран Заев е срaм за Република Македонија. Срaмота е премиер да не одговори на граѓаните за...

Каде се парите?: Според Finance Think реализирани се само 193 од вкупно 550 милиони евра од трите пакети мерки

Гордана Димитриевска Кочоска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за сетовите на мерки кои вчера ги претстави владата на...
- Advertisement -

Покачувањето на струјата е директен удар врз граѓаните на Република Македонија кои повторно се изманипулирани од Зоран Заев и СДСМ кои пак претходно им гарантираа на граѓаните дека нема никакви шанси да се покачи цената на струјата. Ова покачување на струјата е уште еден бонбона бизнис за семејството Заеви. Зошто, ќе разјасниме во понатамошниот дел од оваа прес конференција, рече на денешната прес-конференција портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Зад покачувањето на цената на струјата отворено се сомневаме дека стојат бизнис интереси на семејството Заеви. Денеска ќе презентираме преку оваа прес конференција наводи кои дојдоа до нас, а преку кои се доаѓа до причината за покачената цена на струјата која од септември ќе ја плаќаат граѓаните. Државната компанија ЕСМ, како производител на струја продава 100% од своето производство на универзалниот снабдувач со електрична енергија, наместо 75% како што тоа е регулирано со закон, и со тоа свесно губи профит на сметка на универзалниот снабдувач, кој пак е приватна компанија. Па така на универзалниот снабдувач му се овозможува висок профит и поголема заработувачка. Индициите за злоупотреби се во договорите склучувани од страна на универзалниот снабдувач со приватни компании, кои испумпуваат големи суми на пари. А, тие компании имаме причина, реална причина да веруваме и да се сомневаме дека се тесно поврзани со семејството Заеви. Компанија која е универзален снабдувач склучила договор за обезбедување со агенција, чиј сопственик е од Струмица. Истите сопственици на оваа агенција за обезбедување преку семејството партиципираат и во бизнисот со марихуана, бизнис кој им беше дадена лиценца директно од Владата на Зоран Заев и СДСМ. Дали на универзалниот снабдувач му се дава висок профит, за преку приватни компании кои влечат корени од Струмица, истите пари да се вадат на приватни сметки и да се слеваат во семејството Заеви?! Агенцијата за обезбедување, чиј газда е од Струмица, со универзалниот снабдувач на електрична енергија склучил договори вредни близу 17 милиони евра. Значи само за обезбедување оваа струмичка компанија земала околу 17 милиони евра од универзалниот снабдувач, према кој граѓаните плаќаат повисока цена на струја, благодарение на СДСМ и Заеви, истакна Арсовски.

Има вкупно четири договори, од кои првиот е склучен на 16.03.2018 година во вредност од 50 милиони и 909 илјади денари и е со назнака за набавка на услуги за управување со мониторинг центар. Вториот договор е склучен месец и половина подоцна, односно на 30.04.2018 година со вкупна вредност од 109 милиони 83 илјади денари и е за извршување на услуги за обезбедување. Третиот оглас кој го склучил универзалниот снабдувач со оваа приватна компанија за обезбедување е склучен на 22.02.2019 година во вредност од 153 милиони 370 илјади денари, и исто така е за извршување на услуги за обезбедување. Соработката помеѓу овие две компании продолжува и на 28.06.2019 година универзалниот снабдувач со електрична енергија го склучува најголемиот од четирите договори во вкупна вредност од 714 милиони 108 илјади денари. Тоа се вкупно 1 милијарда 27 милиони 482 илјади денари или 16 милиони 707 илјади евра, близу 17 милиони евра, пари кои одат од граѓаните кои плаќаат струја, додава тој.

-Бројките не се производ на некој паушални тврдења, туку факти кои произлегуваат од јавно објавените податоци на веб страната на Бирото за јавни набавки. Дали заради ова сега СДСМ преку РКЕ побара поскапување на цената на струјата?! А, за жал, државната МЕПСО со потценувачки тон ги навредува граѓаните и нивната интелигенција кои побараа поништување на зголемувањето на цената на струјата! Дали начинот на кој работи оваа агенција е начинот на кој се богатат лица блиски до власта, односно семејството Заеви?! Дали покачувањето на цената на струјата е последица на бизнис интересите на Заеви со кој се овозможува екстра профит за универзалниот снабдувач и пари за приватна компанија чиј газда е со потекло од Струмица? Дали преку овие испумпани пари од приватни компании, за кои граѓаните плаќаат повисока струја и повисоки сметки, Зоран Заев и СДСМ го вршеа масовниот поткуп на граѓани? Запраша Арсовски.

Зоран Заев, СДСМ и лицата во врвот на власта должат одговори. А, ВМРО-ДПМНЕ во наредните неколку дена ќе ги презентира сите детали кои што ќе ве замолам да ги проследите со внимание, подвлече порпаролот Арсовски.

Latest News

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара поништyвaње на одлуката за ДУП-от во Расадник и отпочнување на нова транспарентна постапка

Сoветничка група на „ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за обнова на Македонија“ во општина Кисела Вода на денешната седница побара надополнување...

Видеото кај се тепaaт Роми од полицајци се kpиело три дена во станица

Вечерва во „24 анализа“ гостуваше Елвис Шаќири од институт за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ кој што посочи дека годинава има зголемување на...

Само во „Аџибадем Систина“: За прв пат во Македонија нов ПЕТ/КТ Discovery IQ апарат

ПЕТ Центарот во „Аџибадем Систина“ располага со ПЕТ/КТ Discovery IQ апарат. Нова најсовремена ПЕТ/КТ камера од производителот GE. Се работи за интелигентен апарат...

Димитров со „европска“ маска

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров и хрватската амбасадорка во земјава, Нивес Тигањ денеска оствариле средба на која ги разгледале можностите за проширување...

Демант од Турција: Турските власти нeгиpaат дека собориле ерменски вoeн авион

Претставникот на турскиот претседател, Фахретин Алтун денес нeгираше дека турскиот ловец го соборил авионот на ерменските воздухопловни сили во воздушниот простор на таа земја. Азербејџанското...

More Articles Like This