September 25, 2020, 5:45 am

Бpитaнцитe пpeд eпoхaлнo oткpитиe вo бopбaтa пpoтив кopoнaтa: Почнаа дa пpoизвeдyвaaт aнтитeлa во лaбopaтoриja

Поврзано

Кинеската вакцина први ќе ја добијат Бразил, Индонезија и Турција

Кинескиот фармацевтски гигант „Синовак“ објави кои земји, покрај Кина, ќе бидат први што ќе ја примат вакцината за коронавирусот. Според...

Се огласи Ибрахимовиќ за состојбата откако беше дијагностициран со ковид-19

Нaпaѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ги коментираше информациите дека бил зaразен со кopонавирус. Вчера имав нeгативен тест за коронавирус, денес...

Источноевропските замји го отфpлија новиот план на Европската унија за спрaвување со мигpaнтите

Група источноевропски земји го отфрлија новиот план на Европската унија за справување со мигрaнтите, уривaјќи ги нaпорите за рeшавање...
- Advertisement -

Тестирањето на новиот третман базиран на антитела за Ковид-19 наскоро ќе започне во британските болници, пишува Би-Би-Си.

Околу две илјади луѓе ќе добијат моноклонски антитела, многу моќни антитела произведени во лабораторија, за да се види дали се ефикасни против болеста.

Ова е дел од поширока програма, т.н. „обид за закрепнување“, во рамките на која веќе е откриено дека еден ефтин стероид наречен дексаметазон може да спаси многу животи.

Во следните недели, првите пациенти ќе го добијат новиот лек.

Професорот Мартин Ландреј од Универзитетот во Оксфорд и еден од водачите на целата програма вели: Постојат многу причини зошто веруваме дека овој третман може да биде успешен, бидејќи спречува репродукција на вирусот, спречува да настанат оштетување од вирусот и ги подобрува шансите за закрепнување на пациентот.

Антителата може да се наречат и „воини“ на имунолошкиот систем.

Кога коронавирусот го инфицира телото, антителата се закачуваат на шилците на вирусот, спречувајќи вирусот да влезе во клетките. Но, нашите тела произведуваат многу видови антитела. Најсилните се нарекуваат неутрализирачки антитела.

Научниците внимателно ги проучуваат антителата за да утврдат кои се најефикасни против вирусот. Избраните антитела потоа се размножуваат во лабораторија и се произведуваат во големи количини. Произведените антитела се даваат на пациенти што стимулира одговор на нивниот имунолошки систем.

Во експериментот ќе се користи мешавина од две моноклонални антитела произведени од американската биотехнолошка компанија „Регенерон“.

Регенерон веќе произведе моноклонални антитела за лекување на ебола.

Леа Липсич, потпретседател на компанијата, вели: „Мислам дека одличниот резултат во случајот со еболата може да послужи како отскочна даска за ново еднакво ефикасно средтство кога станува збор за Ковид-19“.

Во следните неколку недели, пациентите ќе започнат да примаат терапија, а резултатите ќе бидат споредувани со оние на другите пациенти кои не добивале антитела.

Latest News

Ако немало Македонци, можело ли речиси 200 години да има „Македонско прашање“?

Кога се чита бугарскиот меморандум до членките на ЕУ, со кој се негира се’ македонско, почнувајќи од јазикот, секој...

Време: Сончево до 31 степен, попладне доаѓа дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон...

Костовски: СДСМ планира приватизација на Македонски пошти

Трифун Костовски, сопственикот на Еуростандард банка во вечерашното гостување во емисијата Заспиј ако можеш вели дека е убеден дека подолг временски период е кроен...

Заев мора да сфати дека не држи мoнопол на клучните одлуки за европските прашања

Заев мора да сфати дека не држи монопол на клучните одлуки за европските прашања и мора да понуди платформа. Доколку сам го истурка процесот...

(Видео) Нов инцидент на полициска бpyталност

По вчерашниот бpyтален нaпaд на луѓе во Битола, вечерва нов инцидeнт со исти исход се случи во Скопје. На видеото кое кружи на...

More Articles Like This