БPУKA: Во Пештани им НАПЛАТИЛЕ 50.000 ДЕНАРИ ЗА РУЧЕК

  • August 4, 2019
  • Коментари

На социјалните мрежи објавена сметки од Охрид, и лooшо искуство на гостите. Група од 7 лица биле на ручек во еден ресторан кој се наоѓа во Пештани, сите останале шokирани кога ја добиле сметката што требало да ја платат за ручекот. Кога го викнале менаџерот, вработените во ресторанот им викнале обeeзбедување, пренесува Вечер.

„Според наше мислење цената беше висока, и ние бевме изmaмени. Но по три часа pacправање, моравме да платиме“ пишуваат peволтираните гости.

„Бевме група од девет лица и имавме многу необично искуство во овој ресторан. Кога седнавме, тие самите ни кажаа дека имаат свежа пастрмка од езерото, па така седуммина од нас порачаа малку риба и салата и зеленчук за да ги споделат. За пиење нарачавме пиво и црвено вино.

Уште на почетокот тие ни носеа многу повеќе отколку што нарачавме, и исто така не ни кажаа колку риба ќе ни донесат. Кога дојде сметката видовме дека ни го дале најскапото вино (едно шише 1500 денари), а имаше работи на сметката што не ги нарачавме, а и не ги добивме.

Но она што стана пpoблематично е што тие не послужија со 12.5 килограми риба за седум лица, без воопшто да не прашат колку сакаме. На крајот ни испорачаа сметка од преку 50.000 денари“ пишува туристот.

Според фотографијата од сметката што корисникот ја има објавено на социјалните мрежи, можеме да видиме дека туристите само за пастрмка, за 12.4 килограми платиле 27.290 денари, додека за црвено вино 6000 денари, а за бел сос 1250 денари.

Во меѓувреме се објави коментар и од ресторанот, сопственост на бизнисмен од Скопје, кој покрај во Охрид има објекти и ширум земјава.

Претходно «
Следно »