April 23, 2021, 11:33 am

Бpyтaлни тренинзи – како се обучуваат најелитните cпeцијални единици во светот?

Поврзано

Maкедонија го има свojoт Pajx нa Илидeнcкa бeз бpoj

На први јуни 1942 година, Варшавски весник на отпорот „Бригада на Слободата“ во јавноста обзнани дека 10-тици илјади Евреи...

Заложничка драма во Македонија

„Во практиката, потрагата за вистината е објективна цел на обврската за спроведување на истрага и raison d’être поврзаните квалитативни...

„Шарените“ би ги нарекле „лудаци“ – 1.200.000 денари чинеше денешната екскурзија на Заев, Филипче и Шахпаска

Ако не ги пресметуваме дневниците на ангажираната јавна администрација при организирање на денешната екскурзија на Зоран Заев, Венко Филипче...
- Advertisement -

Да се совладаш самиот себеси, да го победиш стравот, да ги поминеш границите на физичките способности: правила кои најсилните војски во светот ги имаат за избирање на луѓе подготвени да служат во специјалните сили.

Не секој е подготвен да ги положи овие „приемни испити“, а оние кои ќе успеат со право може да се сметаат за супервојници. На какви предизвици се подложни кандидатите на елитните воени единици од различни земји?

Жестока обука – по планина 65 километри
Британската САС (Special Air Service – Специјална воздушна служба) се смета за една од најдобрите специјални единици на светот. Основана е во 1941. година и од тогаш стекнува големо борбено искуство. Британските специјални сили војувале и во Втората светска војна, во Кореја, спроведуваат тајни операции на островите Борнео и Оман, Јемен, Северна Ирска, а делувале и во Ирак и Либија. Специјалната воздушна служба се уште нема претрпено некој поголем пораз или неуспех. Ова е главно заслуга на окрутната селекција на кандидат. Во најдобар случај само една петтина од кандидатите го положуваат „приемниот испит“.

Новите кандидати можат да станат дел од САД два пати годишно – во зима и во лето по 200 луѓе. Главниот услов е кандидатот да е припадник на британските вооружени сили, со тоа што посебна предност се дава на војниците од десантните сили и маринците. Тие ги поминуваат почетните тестирања за кондиција, по што стартува најтешката петоседмична фаза: секојдневни маршови по нерамен терен со растојание кое постојано се зголемува. На крајот следи качување долго 65 километри со полна брзина и под полна воена опрема (опремата тежи околу 25 килограми) до врвот на планината Пен-и-Ван и спуштање за само 20 часа. Тие кои нема да стигнат се елиминрани.

Следна фаза е курсот за преживување во џунглите на Белизе, Брунеи или Малезија. Таму војниците учат да се движат по терен, опремуваат тајно складиште за оружје и привремена база, да се маскираат во склад на барањата. Потоа кандидатите се делат во групи и се обидуваат да се сокријат во џунглата од група за претрага која би требало да ги фати. Опремата за овој тест е минимална.
На крајот доаѓа тест за психолошка стабилност. Кандидатите се испрашуваат 36 часа, се обидуваат да извлечат важни информации. Како резултат, по правило, не повеќе од 30 луѓе се избрани од 200 кандидати.

Пливање со врзани раце

Војниците на американските специјални сили СЕАЛ (Фоки) учествуваа во сите, без исклучок, американски воени операции од 1962. година. Ова е една од најпрофесионалните и најопремените специјални сили на светот. Се примаат само државјани на САД на старот помеѓу 18 и 28 години во одлична здравствена состојба, како физичка така и ментална. Процесот на избор трае 19 недели. Посебно внимание се посветува на вежбите на море.

Првите седум недели се посветени на општ физички тренинг и посебни техники за преживување во вода. Во суштина, кандидатите одново учат да пливаат: во текот на многу часови и во силни бури, во леден океан и со терет, врзани раце и нозе. Целта е идните специјалци да се ослободат од стравот од водена стихија.

Потоа следи девет недели интензивна борбена обука. Оптеретувањето непрестајно се зголемува. Потоа, во првата недела кандидатите треба да препливаат 300 метри за одредено време. Потоа, истото но во полна борбена опрема. Потоа исто време и растојание, но потребно е да влечат терет тежок 40-50 килограми. На копно испитаниците ги чекаат исцрпувачки неколкучасовни маршеви.
А тука е и „пеколната недела“. Кандидатите се изложени на голем физички и психички стрес. Можат да спијат само четири часа дневно, но само стоечки.

За време на врнежлив ден, влегуваат во океан до појас на 20 минути, потоа на 5 минути излегуваат на брегот и повторно се враќаат во океан. И така неколку пати. Во оваа фаза се елминираат речиси половина од кандидатите. А оние кои ќе поминат ги чека воздушна обука: скок со падобран, прилагодување на воздушни акции, пилотирање.

Пукање во панцир

Управата „А“ на Центарот за специјални сили ФСБ на Русија е една од најпознатите антитерористички организации на светот. Борците на легендарната „Алфа“, која е формирана во 1974. година, има ослободени стотици заложници и убиено илјадници терористи. Имаат борбено искуство од боиштата во Авганистан и Чеченија. Според податоците од отворени извори, снајперистите на единциата редовно одат во Сирија за да ги подобрат своите вештини. Многу операции на „Алфа“ и понатаму се класифицирани како тајни.

Изборот и обуката на борците исто така не е посебно рекламирана. Познато е дека кандидатот мора да претрча 100 метри за 12,7 секунди, а три километри за 11 минути, да направи 90 склекови, 25 повторувања на вратило, стомачни 200 за две минути, бенч-прес десет повторувања. Покрај тоа, потребно е да се повтори комплексна вежба за сила осум пати без пауза за одмор.

Идниот оперативец задолжително мора да ги усвои стандардите за борба гради во гради. Во спаринг без правила со болни зафати, кандидатите треба да издржат три рунди во траење од три минути против различни инструктори. Не сите се подготвени да издржат таков тест во борба. Потоа следи посебна проверка кај психолог кој ја прочува личноста на испитаникот, го испитува на полиграф, разговара со семејството и пријателите.

По уписот во специјалните сили, борците се обучуваат за возење на оклопни возила, поминуваат планинарска и нуркачка обука. Учат да ракуваат со сите врсти на оружје, руски и странски. Еден од најопасните тренинзи во „Алфа“ вклучува пукање во пиштол наполнет со боева муницја директно во градите на оперативец кој носи панцир. Се верува дека ова ќе ги научи војниците да не се плашат дека би можело да бидат погодени во борба.

Борба гради во гради

Една од најегзотичните специјални единици е бразилската БОПЕ (Batalhão de Operações Policiais Especiais – Оперативен баталјон на специјалната полиција) кој е формиран во 1978 година. Главната задача на одредот е прецизни операции во фавелите на Рио де Жанеиро и пораз на непријателот во улични битки. Борците на БОПЕ претставуваат закана за локалните дилери на дрога и разбојници. Нарко картелите во Јужна Америка честопати се подобро вооружени од редовната армија, па затоа бразилските специјалци не седат во мирување.

Изборот во БОПЕ е многу жесток. Во одредот секогаш има 400 луѓе, тие не прифаќаат дополнителни лица. Тестовите се на границата на физичките и менталните способности на една личност. И тогаш следуваат подготвителни курсеви.

За шест недели, кандидатите ги учат методите на патролирање и улични борби. Петнаесет недели се посветени на деталите за борбата во различни услови, вклучувајќи ја и џунглата. И само после тоа, борците ги совладуваат своите вештини и способности на специјални полиња за обука, како и во вистински специјални операции.
Бидејќи редовно се борат, секој оперативец развива посебна ментална состојба – тој е способен за сè. Покрај тоа, бразилските специјалци мора да бидат обучени за борба рака со рака и со ножеви, бидејќи не е секогаш погодно да се користи огнено оружје во градската средина.

Latest News

Уштe oвa фaлeшe..: Cyпepзapaзниoт индиcки вид кopoнaвиpyc пpиcтигнa вo Европа

Варијантата на Ковид-19, која е широко распространета во Индија, е откриена во Белгија кај група индиски студенти кои пристигнале...

More Articles Like This