ВАЖНО: Немојте да се смеете додека ве сликаат за пасош

  • July 21, 2019

Сите нови пасоши содржат чип со биометриски информации за вас кои се изведени од фотографијата. Тоа е главната причина поради која на фотографијата за овој документ не смеете да се смеете или да носите очила или да бидете претерано нашминкани.

Имено, таа фотографија при пасошката kонтрола се скенира и клучните карактеристики на вашето лице (како што се раздалеченоста меѓу очите, онаа од врвот на носот до брадата и слично) се користат за генерирање на таканаречени математички мапи.

Сè што ги нapушува или крие тие мерки (како широка насмевка) ја намалува ефикасноста на користениот алгоритам, нешто како фотографија која е надвор од фокусот.

Кога одите на аеродром, вие минувате преку е-капија и тогаш камера ви го скенира лицето. Во тој момент компјутерот одлучува дали математичката мапа генерирана на аеродромот се совпаѓа со онаа во вашиот биометриски пасош. Доколку не е така, може да имате пpoблеми.

Претходно «
Следно »