May 16, 2021, 10:31 am

Вакцинални пасоши за патување – ЕУ воведува вакцинални пасоши до почетокот на Јуни

Поврзано

- Advertisement -

Најголемиот број на земји членки на ЕУ би требало технички да бидат подготвени за новите КОВИД19 сертификати до почетокот на Јуни, пренесува Еуроактив, пред очекуваното ставање во функција на механизмот кој ќе овозможи сигурно патување.

Зелените дигитални сертификати беа предложени минатиот месец од Европската Комисија како начин да се овозможи безбедно движење во рамки на Европската Унија за време на пандемијата од КОВИД19.

Документот, кој може да биде во дигитална или хартиена форма, ќе гарантира дека личноста е вакцинирана против коронавирус, има неодамнешен негативен ПЦР тест или бил излекуван од болеста.

Додека Европските законодавци ја започнуваат интер-институционалната фаза на преговори за окончување на текстот на мерките, во исто време се работи на техничкиот аспект.

Ваквите информации за Еуроактив ги потврдуваат од официјален Брисел.

Целта е ваквиот систем на сертификација да биде активен до почетокот на летната сезона, со оглед на тоа што е најпотребен во време на летните одмори кои ќе помогнат на Европскиот туристички сектор кој во моментов се соочува со сериозни проблеми.

Земјите членки се поделени во ставовите, во смисла на нивната подготвеност да го имплементираат системот.

Првата група од 20 членки во која се Франција, Италија, Шпанија и Германија ќе започнат со техничка проверка во втората недела на Мај, додека втората група ќе започнат со тестирање до крајот на месецот.

Третата група, ќе започне со теситрање до средина на Јуни.

Буџетот за имплементација на оваа иницијатива е 40-45 милиони евра, а речиси една третина од истиот веќе е потрошена.

Latest News

Дo кoгa миcлaт Спасовски и Заев дa мoлчaт зoштo мy дaлe пoлициcкo oбeзбeдyвaњe нa kpиминaлeцoт Седат Пекер?

До кога мислат Спасовски и Заев да молчат зошто му дале полициско обезбедување на криминалецот Седат Пекер?! Полициско обезбедување...

More Articles Like This