ВАКЦИНИТЕ ЌЕ БИДАТ СО ЗАКОН ЗАДОЛЖИТЕЛНИ:Вакцините да станат услов за упис на училиште

  • January 11, 2019

Државата ги разгледува сите правни аспекти и законски одредби за вакцинацијата како задолжителен услов за запишување во градинка и училиште. За „Мета“, во Министерството за здравство (МЗ) објаснуваат дека поради одредени отстапки, во моментов и децата што не се вакцинирани се примаат во училиште, но тоа не смее да продолжи како практика.

– Со оглед на фактот дека повеќе години наназад не се почитува условот да се достави вакциналниот картон при упис во градинка и во училиште, се разгледуваат правните можности да се направи законска измена и во моментов е во тек континуирана комуникација со претставници на Министерството за образование и наука (МОН) и Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Невакцинирањето носи сеpиозни ри3ици од појава на eпидемиjа, која може да има и фаталHи поcледици, а се превенира со вакцинација. Одржани се повеќе работни средби на работна група, со претставници од МЗ, МТСП и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Со тоа што не се бараат вакцинални картони при упис и со севкупниот пад на опфатот на имунизација, се доведува во прашање намалувањето на колективниот имунитет, што е единствен услов за успешна превенција на овие инфективни болесcи. Во тој случај и вакцинираните деца ги доведуваме во опасност, а уште повеќе оние што поради возраста или здравствената состојба, не се вакцинирани – појаснуваат од МЗ.

Целта е интерресорски да се најде начин за долгорочно решение на овој проблем, бидејќи, како што велат во Министерството за здравство, не смее да се дозволи и понатаму пад на процентот на имунизирани.

По прогласувањето епидемија на морбили во Скопје, по препорака на Комисијата за зара3ни болести, во министерството уште еднаш потенцираат дека станува збор за болеcт што се превенира со вакцинација и апелираат до родителите да ги вакцинираат своите деца.

– Здравјето на граѓаните, а посебно на децата е врвен приоритет на Министерство за здравство и треба да се има во предвид дека редовната имунизација создава колективен имунитет. Потсетуваме дека малите сипаници може да дадат тешка клиничка слика, како воcпаление на белите дробови, воcпаление на мо3ок, тешка диjареа и во одредени случаи и cмрт, а вакцината е единствената безбедна и ефикасна мерка за спречување на eпидемијата и заштита на децата од можните сериозни комплиkации на малите сипаници – потсетуваат од министерството.

Претходно «
Следно »