ВАНКОВСКА ДО РАКОМЕТАРИТЕ: Колку повеќе победувате, колку повеќе ве сакаме, толку ним им доаѓа да си пукнат од мака

  • January 14, 2019
  • Коментари

Професорката Билјана Ванковска со порака до нашите драги „ментално нестабилни и сакани ракометари“.

Драги наши ментално нестабилни и сакани ракометари! Слушнавме дека откако ви поделија лекции од владино ниво (да не се бавите со Република Македонија, зошто тоа била политика, а политиката била нивна, а не ваша/наша работа), сега ви се заканува уште една опасност. ЗЗ ги спакувал куферите и заминал во Германија на одмор. Гарант ќе сака да се огребе од вашата популарност, па за да се покаже патриот можно е да се појави на трибините на некој од вашите натпревари. Вие, „мртви-ладни“ кон него, а за сите нас, ментално нестабилни, срцето ќе си го оставите на терен. Љубовта што ви ја даваме тие нема НИКОГАШ да ја добијат, затоа што не ја заслужуваат. И нека ве води една мисла: не е толку битен пласманот што ќе го освоите. Битно е што од кожа ги вадите овие ментално стабилниве кои државата ја распарталија – колку повеќе победувате, колку повеќе ве сакаме, толку ним им доаѓа да си пукнат од мака. За жал, имаме политичка елита која не си ја сака земјата, се срами од народот, ги кодоши и навредува оние кои имаат животни постигнувања (за разлика од нив). Се обидуваат да не’ дисциплинираат сите, ама никогаш нема да успеат.
МА-КЕ-ДО-НИ-ЈА!

Драги наши ментално нестабилни и сакани ракометари! Слушнавме дека откако ви поделија лекции од владино ниво (да не се…

Gepostet von Biljana Vankovska am Montag, 14. Januar 2019

Претходно «
Следно »