ВАРДАР ПОВТОРНО СЕ ЗАПИША ВО ИСТОРИЈАТА: Прва екипа со четири титули во СЕХА лигата – Загреб на колена во „Јане Сандански“

Поврзано

ГЛАВНИОТ ТРЕНЕР НА РЕАЛ МАДРИД ГО НAПУШTИ МАДРИД: Зидан ги пpeкpши правилата за caмoизoлaција

Главниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го напушти Мадрид, кршејќи ги правилата за самоизолација. Според „Sport.es“, 47-годишниот француски стручњак...

СЕ ВРАЌА ЛИ МИЛЕНИКОТ НА КОМИТИТЕ: Убава вест од Вујовиќ за Вардар…

Миленикот на „Комитите“ и поранешен тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ за црногорските медиуми зборуваше за својата иднина, откако пред...

НЕОБИЧНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: Мајк Тајсон стана веган

Прославениот американски боксер Мајк Тајсон изјави дека се чувствува како никогаш досега во животот, а како што вели, веганската...

Вардар се запиша во историјата на СЕХА-лига, како единствен тим кој успеал да дојде до четири титули во ова натпреварување. Избраниците на Раул Гонзалез му се одмаздија на ППД Загреб совладувајќи го со 26-24.

Вардар е кралот на регионот. „Црвено-црните“ испишаа историја во СЕХА-лига ја освоија четвртата титула во ова натпреварување, нешто што не му успеало на ниту еден друг тим, откако во финалето го совладаа стариот должник ППД Загреб со 26-24 (14-13). А до тука дојдоа благодарение на огромната поддршка од фановте, СЦ „Јане Сандански“ беше исполнет до последното место.

Ракометарите на Вардар можеби не беа константни, но кога беше потребно играа како вистински шампиони, им беа потребни само неколку минути за да го скршат отпорот на противникот.

Тандемот Циндриќ и Кристопанс беше најефикасен, двајцата заедно имаа по пет подогоци. На другата страна Златко Хорват имаше осум погодоци.

„Црвено-црните“ со серија од 5-2 го отворија мечот против. Избраниците на Раул Гонзалез доминираа до 22. минута, кога со голот на Дибиров стигнаа до највисоки 11-7. Хрватскиот тим и покрај пеколната атмосфера најде начин како да се врати. Се тргна по водството на вардарци од 13-10. Валчиќ, Хорват и Вори на полувремето го донесоа Загреб на 14-13.

По фуриозните неколку минути пред одморот, „плинарите“ добија ветар во грб, во 34. минута израмнија на 15-15, а потоа на 16-16. Налетот на хрватскиот шампион го прекинаа Мораш и Циндриќ во 39. минута (18-16). Ниту овие два гола Вардар не влезе во ритам, следеа нови израмнувања 18-18, а потоа 19-19.

Во 50. минута Шушња доби црвен картон,ова беше клучниот момент. „Црвено-црните“ заиграа како што им доликува, во 54. минута поведоа со највисоки 25-20. Тука беше крајот на мечот.

 

Извор
Спортмедиа.мк

- Advertisement -

Актуелно

OД КАДЕ МУ ИНФОРМАЦИИ НА КУРТИ: Избори во Македонија ќе има во јули

– Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти денеска повторно се заложи за вонредни парламентрни избори во неговата...

РАСТЕ БРОЈКАТА И ДЕНЕС: На 250 теста 21 нов случај на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-2, Прилеп-2, Велес-2, Гостивар-1, Крива Паланка-1, Пехчево-1 и...

Нов раст на новозаболени од Ковид-19, да се почитуваат препораките

Бројот на новозаболени од коронавирусот во државава повторно е во пораст. Според вчерашните податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се 37 нови случаи...

БРОЈКАТА И НАТАМУ РАСТЕ: 37 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти во: Скопје-2, Прилеп-7, Велес-2. Во изминатото деноноќие не се регистрирани...

СО ЛЕСНО: Почна 42-часовниот карантин во државата

Од 11 часот денеска почна забраната за движење на населението што ќе трае до вторниk до 5 часот изутрина. Забраната не важи за полицијата, армијата,...
- Advertisement -

Повеќе вести

- Advertisement -