ВАРДАР СО ЗАСЛУЖЕНА ЗАРАБОТКА: Инкасираа 230.000 евра со пласманот на Ф4 во Келн

  • May 25, 2019

Пласманот на ракометарите на Вардар им донесе заработка од 135.000 евра, а таа е добиена од досегашните резултати остварени на патот кон Келн.

Играњето во групната фаза од Лигата на шампионите на вардарци им донесе сума од 60.000 евра. Покрај тоа пласманот во осминафиналето им донесе уште дополнителни 30.000 евра. Секако и играњето во четврт-финалето значеше парична награда, а на сумата од 90.000 евра беа додадени уште 45.000 евра така што пласманот на Ф4 турнирот во Келн на Вардар му донесе вкупно 135.000 евра.

Тука не завршува паричната награда бидејќи ќе има дополниелна сума на пари. Познато е колку изнесуваат паричните награди за тимовите кои се на Ф4 турнирот.

Според тоа Вардар има загарантирана сума од барем уште 100.000 евра, а таа ќе биде доделена на тимот кој ќе го освои 4. место. Составот кој ќе успее да победи во малото финале на 2 јуни ќе освои 150.000 евра. Тимот кој ќе игра во финалето, а ќе загуби освојува уште 250.000 евра додека освојувачот на пехарот ќе заработи пола милион евра.

Ова се смешни суми во однос на она што го добиваат фудбалските тимови кои играат во Лигата на шампионите, но работите полека напредуваат, па во некоја од следните сезони може да се очекуваат и поголеми награди.

Претходно «
Следно »