ВАРДАР СО УБЕДЛИВА ПОБЕДА: Стоилов одигра натпревар за чиста 10-ка, перфектни и останатите!

  • February 6, 2019

Вардар со голема победа се враќа од гостувањето во Манхајм, откако вечерва во рамките на 11. коло во најсилната група А ја совладаа екипата на Рајн-Некар. Нашиот шампион и повеќе од заслужено победи, со оглед дека имаше водство од првата па се до последната минута на мечот, надигран противникот во сите сегменти од ракометната игра.

Феноменални 60. минути на вечерашниот дуел одигра капитенот на вардарци, Стојанче Стоилов. Кружниот напаѓач беше речиси перфектен во нападот а Абутовиќ немаше никакво решение за него. Стоилов постигна вкупно шест погодоци.

Покрај нашиот капитен, одличен натпревар одигра и Карачиќ. Нашиот бек постигна шест погодоци од вкупно девет обиди а имаше и четири асистенции за погодок. Покрај нив двајца, вреди да се напомене и одличната игра на Тимур Дибиров. Нашето летачко крило постигна седум погодоци од девет обиди.

Сепак, честитки до целиот тим за одличната колективна игра вечерва и големата победа!

Претходно «
Следно »