„Вардар“ стана шампион на Македонија

  • May 21, 2019

Вардар стана ракометен шампион на Македонија по 13-ти пат откако попладнево лесно се справи со Еурофарм и на две кола пред крајот ја осигура титулата во Суперлигата.

Бројките говорат се, Вардар е првиот тим што успеа да врзе пет титули во низа, со што овој тим стигна до вкупно 13 шампионски пехари. Ова е повеќе од следните два тима на листата заедно, со оглед на фактот дека Металург и Пелистер имаат по шест шампионски титули, со големо заостанување зад „вардарци“.

Севкупно гледано, во 27-те сезони по остамостојувањето Вардар има освоено 28 пехари, и тоа по 13 во првенството и во Купот на Македонија и два во Супер-купот.

Претходно «
Следно »