December 9, 2021, 8:52 am

Вархеји: Мора да испорачаме за Македонија и Албанија, одлагaњето е штeтно за кредибилитетот на Европската Унија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еврокомесарот за проширување ги презентираше извештаите за реформскиот напредок на земјите од Западниот Балкан и Турција пред европратениците и повика итно да започнат преговорите со Скопје и Тирана, јави дописничката на МИА од Брисел.
Како што стои и во самите извештаи на Европската комисија оваа година, еврокомесарот Вархеји пред европратениците од Комисијата за надворешни работи повтори дека одлагањето на преговорите со Македонија, и со Албанија, е штетно за кредибилитетот на Европската Унија.
-Работиме одблизу за да ја деблокираме ситуацијата и да го решиме проблемот за оваа тешка тема, за сега не бевме успешни но имаме надеж, до крајот на оваа година мораме да испорачаме, не смее ова да се доведе во прашање, и на нас е да испорачаме, кога велам нас, мислам на сите земјите членки на ЕУ, мислам и на Северна Македонија која е партнер во ова, патував во двете престолнини и сѐ уште сум подготвен да помогнам, но може ова да бара поголема посветеност, изјави Вархеји во Европскиот парламент денеска.
Тој додаде дека со оглед на изборните циклуси во Бугарија и во Македонија овој период не помага, но дека оваа сложувалка мора да се надмине.
Вархеји ги повтори заклучоците од извештајот за Македонија дека земјата покажала одлучност и истрајност во реформите вклучително и владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал и дека ова треба да продолжи, со дополнителни напори за реформата на јавната администрација

Latest News

(Фото) Несекојдневна ситуација: Автомобил падна во езерце во Градски парк

Автомобил „Пежо 206“ паднал во езерце во Градскиот парк во Скопје. Засега не се познати причините за оваа незгода. Фотографиите се...

More Articles Like This