January 28, 2021, 2:48 am

Василица – Зошто верниците на овој ден ставаат паричка во лепче?

Поврзано

Енчев: Заев не само што го зајакнува бугарското вето, туку се разоткрива и пред ЕУ и САД како српска марионета

Бугарскиот новинар и експерт за меѓународно право Велизар Енчев остро го искритикува премиерот ЗЗоран Заев поради честитката што тој...

Филипче: Британскиот сој на вирусот побрзо се шири, да останеме прeтпазливи

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вестите за Канал 5 телевизија, во врска со детектираниот британски сој на...

Вечерва седница на Владата, нема детали за дневниот ред

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи редовната 42-та седница. Седницата на Владата е предвидено да започне во 21:00...
- Advertisement -



Во календарот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија на 14 јануари, и секогаш на ист датум, со црвени букви се обележани три празници, различни еден од друг. Тоа се Обрежание Христово, Свети Василиј Велики и Стара нова година. Кај верниците најмногу се познати Василица, која се слави во чест на свети Василиј, како следбеник на Исусовата вера, и Стара нова година, односно почетокот на православната година по јулијанскиот календар. Покрај МПЦ-ОА, според јулијанскиот календар, православна Нова година слават и Српската и Руската црква, Ерусалимската патријаршија и дел од Света Гора.

На Василица се крши и лепче со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Ставањето паричка во лепче или пита се поврзува со еден настан што се случил во четвртиот век во Кесарија Кападокиска, денешна Мала Азија, поточно Турција.

При една посета на императорот Јулијан Отстапник на Кесарија Кападокиска при еден негов поход кон Персија, во Кесарија го пречекува владиката Свети Василиј Велики кој добро го познавал императорот кој бил незнабожец. Свети Василиј сепак сакал да го пречека и му принел леб. Императорот се навредил зашто бил пречекан со леб а не со злато како што прилега за еден император и им наредил на своите војници да соберат трева во полето и да им возвратат на кападокијците со трева како навреда за принесениот леб.

По тоа Свети Василиј, по долги молитви им наредил на своите прислужници од неговата митрополија да месат лепчиња или мали пити и во секоја да стават по малку злато.
Во спомен на ова чудо што се случува во четвртиот век во Кесарија Кападокиска, денес се става златник во лепче или пита токму на денот кога го славиме Свети Василиј Велики или на први јануари според јулијанскиот календар.

Но, на Дочекот на Правослвна Нова Година се палат василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народное верување, ги брка лошите сили.
Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Годинава поради пандемијата е забрането групирањето и палење на огнови. Што значи оваа година празникот верниците ќе го прослават во кругот на семејството, без традиционалните огнови на отворено.

Поради пандемијата годинава нема да се одржи традионалниот Василичарски карневал во Вевчани.

Latest News

Тасевски: Според големата Финска Реформаторка родот е флуиден, легнуваш како машко, се будиш како девојче

Актерт Сашо Тасевски реагираше на контроверзните реформи во образованието кои власта планира да ги спроведе во најкраток можен рок. „Наскоро...

More Articles Like This