ВАСКО ЕФТОВ: Во мојот календар септември 2018 има 29 дена!

  • August 8, 2018

Новинарот и уредник на телевизија Алфа, Васко Ефтов на својот Фејсбук профил истакна дека оваа година ќе живее еден ден помалку, но затоа нема да живее цел живот во срам. За него вели тој септември 2018 година има само 29 дена. Ефтов заклучи дека тој не агитира како да гласаат граѓаните ниту пак бојкотира, тој вели дека едноставно ќе ги игнорира оние кои се откажуваат од нашата историја и го продаваат македонското име.

-Во мојот календар, во 2018 година, септември има 29 дена. Можеби ќе живеам еден ден помалку оваа година, но затоа нема да живеам во срам цел живот. Јас не агитирам (за или против референдумот). Јас не бојкотира. Јас игнорирам. Ги игнорирам сите и игнорирам се што е причина да ја ингорираме( се откажувам) нашата историја и да го игнорираме (продаваме) нашето име. Јас не ви дадам легитимитет ниту со мојот глас. Ниту со мојот бојкот. Јас само (ве) игнорирам!

Претходно «
Следно »