ВАТАША ИМА МНОГУ ДАДЕНО ЗА МАКЕДОНИЈА: Митко Јанчев вечерва пред ваташани вети голем број на проекти за славното Ваташа!

  • October 24, 2017
  • Коментари

Да ја заокружиме победата од првиот круг поради ароганцијата на другата страна.  Ваташа е село кое има многу дадено за Македонија, истакна кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци, Митко Јанчев

Пред жителите на Ваташа тој вечерва повтори дел од своите проекти од програмата со кои ја бара довербата на вториот круг од локалните избори во недела. Ќе се изгради спомен куќа со историјата на Ваташа, заедно со галерија и со куќа за продажба на сувенири за историјата на Ваташа.

-Ќе направиме повеќенаменска патека која ќе биде за велосипеди, за пешачење, џогирање, за луѓе кои се рекреираат. Ќе има комплетно опремена урбана средина каде ќе можат сите кои ќе дојдат да уживаат во она што значи Ваташа, ваташани и ваташко. Последниот мост кој што е со голем проблем, ние ќе го решиме. Сакам трајно да ја решиме Ваташа од тешкиот товарен транспорт, да го направиме булеварот. Ваташа е историски момент, Ваташа е културно место, Ваташа е место каде што треба да доаѓаат туристи, да биде едно село најубаво во Македонија. Дало и треба да му се врати. Ве убедувам дека мојот противкандидат, Ваташа ја спомнува само за гласови, за ништо друго. Сака да ги злоупотреби гласовите. Тие сакаат да живеат во центарот и да седат на фотелји. Нема така, во Ваташа треба работа, порача Јанчев.

Кандидатот за градоначалник истакна дека ваташа и во многу полоши моменти не се предала и нема да се предаде ниту сега. Верува дека на 29-ти ќе добие убедлива победа  и вети дека Ваташа ќе му биде приоритет.

Претходно «
Следно »