Вашингтон врие од оружје и вооружени луѓе пред инаогурацијата

Поврзано

„Не играјте си со оган“: Русија со оcтро прeдупредување до САД

Соединетите држави направија непријателски антируски излив со донесување одлука веднаш по Европската унија да воведат нови санкции против Русија,...

Родители внимавајте: Децата го pизиkyваат својот живот за пет минути слава на Тик Ток

Вашето дете може да се фрли под тркалата на автомобил и да го ризикува животот поради новиот предизвик на...

Директорот на ФБИ на pacпит поради yпадот во Конгресот

Директорот на Федералното биро за истраги, Кристофер Реј, денеска е на распит пред сенатскиот Одбор за правосудство, темата се...
- Advertisement -

Американската полиција соопшти дека уапсила маж од Вирџинија во Вашингтон во чие возило било пронајдено оружје и стотици парчиња муниција. Тој им го покажал на полицијата на контролниот пункт во центарот на градот за нередовен премин, без никаква вознемиреност.

Ен-Би-Си објави дека белиот камион Форд 150 на човекот бил украсен со налепници за браник поврзани со оружје, вклучително и две на кои пишувало „животот на нападот“ и „Ако дојдат по твоите пиштоли, дај им ги први куршумите“.

Во полицискиот извештај, полицијата по пребарување на возилото лоцирала наполнет пиштол „Глок 9ММ“, 509 куршуми муниција, магазини „Глок“ со 17 куршуми и 2 јуришни пушки М-16 и дериватив од истата со 12 шаржери и една ловџиска пушка. Лицето признало дека имало пиштол и на барање од полицијата доброволно истото веднаш го дал на увид.

Засилени се безбедносните мерки во Вашингтон, како и во други делови на САД, пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џозеф Бајден на 20 јануари.

Официјалните лица претходно предупредуваа на нова можност за вооружени протести во Вашингтон за време на церемонијата на инаугурацијата, по минатонеделниот напад на Капитол Хил, од наводно приврзаниците на претседателот во заминување Доналд Трамп, во кој беа убиени пет лица.

Да потсетиме, американскиот претседател Доналд Трамп пред пет дена го одобри прогласувањето вонредна состојба за Вашингтон, која треба да трае до 24 јануари.

Latest News

Петковски: Помислив дека Македонија ѝ објавила вojнa на Бугарија кога слушнав што направил Радев

Коалицискиот партнер на Заев Тито Петковски смета дека нервозата во Бугарија е резултат на пописот во Македонија. Кога прочитав дека...

More Articles Like This