October 21, 2021, 12:58 am

Вашингтон пpeдyпpeдyвa дeкa ќe cпpeчи изpaeлcки aвиoни дa cлeтyвaaт вo САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за транспорт на САД предупреди дека ќе спречи слетување на израелските летови на „Ел Ал“ на американските аеродроми ако Тел Авив продолжи да спречува слетување американски авиони во Израел, објавија израелските медиуми.

Според израелскиот ТВ „Канал 12“, американското Министерство за транспорт побарало Израел да им дозволи на американските авиокомпании да ги враќа заглавените Израелци во земјата и да не дозволува израелскиот национален авиопревозник „Ел Ал“ да ја извршува мисијата.

Вашингтон, според извештајот, му посочил на Израел дека неговата одлука да дозволи само израелската авиокомпанија да враќа Израелци дома е кршење на договорите за авијација меѓу двете земји.

Администрацијата на Бајден испрати порака до Израел во која се вели дека и на американските и на израелските превозници треба да им биде дозволено да летаат на рутите за да се спречи потенцијална криза меѓу двете страни.

Извештајот посочува дека Израел се плаши оти другите земји, вклучувајќи ја и Велика Британија, би ги презеле истите чекори. Израелските медиуми соопштија дека Министерството за транспорт ќе одржи итен состанок за да разговара за ова прашање.

Израел забрани патнички летови кон и од од земјата од 25 јануари како дел од националното заклучување за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Latest News

Бајден јавно призна дека е загрижен поради кинеските хипepcонични pakeти

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека е загрижен за кинеските хиперсонични ракети, неколку дена откако медиумите објавија дека...

More Articles Like This