October 18, 2021, 5:54 pm

Вебер повторно избран за претседател на ЕПП

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Германскиот демохристијанин Манфред Вебер денеска по третпат е избран за шеф на Европската народна партија, најголемата група во Европскиот парламент.

– Горд сум и благодарен на моите колеги што ме избраа повторно да претседавам со групата на ЕПП. Со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата работа за зајакнување на христијанската демократија и десниот центар низ Европа, рече Вебер по изборот, на кој освои огромно мнозинство гласови. Тој најави дека ќе се бори против оние кои сакаат да ја загрозат и уништат ЕУ.

– Христијанската демократија беше принцип на создавање на ЕУ и ЕПП e водечка сила за силна и стабилна Европа блиска до народот, рече Вебер. Вебер (49) е претседател на Христијанско – социјалната унија (ЦСУ), најсилната партија во Баварија, и ја предводи парламентарната група на ЕПП од 2014 година.

Latest News

„Падна“ Гугл, корисниците од цел свет пријавуваат проблеми

Корисниците на интернет услугите на Гугл од целиот свет пријавуваат проблеми со функционирањето на „Гугл аналитика“, додека некои корисници...

More Articles Like This