September 30, 2020, 7:49 pm

„ВЕИБО“ СИ ЗАМИНУВА ОД КРИВА ПАЛАНКА: Си замина првиот инвеститор, стотици вработени на улица – протести во Крива Паланка!

Поврзано

Колапс во индустријата: Пaд од 9 отсто на индустриското производство во август

Индустриското производство во август годинава во однос на август лани бележи пад од 9,1 отсто, а во периодот јануари...

Колку „заработија“ од Мој ДДВ: Лукаревска, Бочварски, Царовска, Богдановиќ – скенираат

Додека се чека блиц-проектот „Викенд без ДДВ“, повеќето функционери се незаинтересирани да ги скенираат фискалните сметки, но има и...

Цената на горивата останува иста

Регулаторната комисија за енергетика информираше дека оваа недела цените на нафтените деривати ќе остане иста во однос на минатата...
- Advertisement -

За само 8 месеци од доаѓањето на СДСМ на власт се затвора уште една фабрика во Крива Паланка. Поради катастрофалните економски политики на власта предводена од Зоран Заев на улица остануваат околу 150 вработени од кривопаланечката фабрика Веибо.

СДСМ ја враќа Македонија во времето на транзицијата кога секојдневно се затвораа фабрики, а стотици илјади граѓани останаа без основни средства за живот.

Загрижени како ќе го прехранат семејството, вработените од фабриката денес протестираа пред зградата на општина Крива Паланка каде го искажа својот револт. Тие побараа средба со градоначалникот Борјанчо Мицевски, кој немајќи храброст да се соочи со нив општинската зграда ја напуштил од задниот влез и како замена испратил неодамна вработен службеник да оствари формална средба со револтираните работници.

 

Иако Мицевски пред локалните избори при неговата посета на оваа фабрика на вработените ветуваше многу, денес немаше доблест да одвои време за нив и да ја сослуша нивната мака. После ваквиот однос на градоначалникот, работниците видно разочарани си заминаа од пред општинската зграда и најавија дека протестите ќе продолжат.

Оваа фабрика е уште една во низата на затворени фабрики во Крива Паланка по доаѓањето на СДСМ на власт. Застрашувачки е податокот дека од 150 вработени во текстилната индустрија, сега остануваат помалку од 50 со што градот се соочува со социјална катастрофа.

Пракса од минатото е секогаш кога СДСМ ја има централната и локалната власт, Крива Паланка да се соочува со социјална катастрофа имајќи предвид дека за време на транзицијата која ја спроведе СДСМ над 4000 работници од овој град беа отпуштени од работа.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Мицкоски упати честитки до новоизбраниот генерален секретар на партијата

Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ го изгласа Ѓорѓија Сајкоски за нов генерален секретар на партијата. Ѓорѓија Сајкоски е роден во Кичево...

Жена пронашла 500 000 евра во стан што сакала да го продаде

На дното од визбата на една зграда во седмиот арондисман во Париз во стар куфер се криело вистинско богатство – повеќе од 500.000 евра,...

СДСМ не успеа да обезбеди мнозинство за да го изгласа предлогот за пет потпретседатели во Собранието

Дафина Стојаноска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во телевизија 24 зборуваше за денешната собраниска расправа да Собранието има 5 потпретседатели и...

(Фото) Протecт во знак на одбележување на годишнината од пpoпаднатиот рeферендум

Вечерва во Градскиот парк во Скопје се одржа мирен пpотест во знак на одбележување на две годишнината од пpопаднатиот референдум на кој под прашањето...

Албанија го одложи стартот на училишната година за ноември

Албанија го одложи почетокот на учебната година. Земјата го одложи стартот на училишната година за ноември. Оваа одлука е донесена откако бројот на зapазени од...

More Articles Like This