ВЕНЕЦУЕЛСКАТА КРИПТОВАЛУТА ПРОБЛЕМ ЗА САД: Американски сенатори сакат да ја срушат крипт-валутата на Венецуела

  • February 26, 2018

Американскиот сенатор од демократската партија РОберт Мендез, кој и претходно се служеше со агресивна реторика против Венецуела, започна со кампања против неодамна ланисраната државна крипто-валута на Венецуела наречена „петро“, објаснувајќи дека САД ќе земат дополнителни акции против истата

Во вторникот Венецуела најави дека ќе започне со дистрибуција на сопствена крипто-валута поддржана од државните ресурси во нафта и дијаманти, наречена петро, која ќе биде првата суверена државна крипто-валута во светот. Петрото би можело да и помогне на земјата во борбата против санкциите на САД.

Претседателот на Венецуела Николас Мадури изјави дека се надева дека петрото ќе стане алтернативна национална валута на боиварот, кој во моментов е со вредност од само 0.00003 долари – по години на хиперинфлација. Според претседателот, петрото досега има собрано 735 милиони долари на првиот ден од предпродажбата.

Минатиот месец Мендез, заедно со неговиот колега од Републиканците во САД Марко Рубио, испратија писмо до американскиот секретар за финансии Стивен Мнучин осудувајќи го чекорот на Венецуела.

„Загрижени сме бидејќи криптовалутата може да му обезбеди механизам на Мадури да извршува исплати на странските заемодавачи и сопственици на обврзници во САД, активности кои јасно ќе ги изиграат намерите на санкциите на САД“, пишуваат сенаторите.

Сенаторите го повикаа секретарот за финансии на САД да го мониторира прогресот на петрото и понудија детални активности кои департманот би можел да ги превземе за да спречи крипто-валутата да ги заобиколи санкциите.

Претходно «
Следно »