ВЕСНА ПЕМОВА: Буџетот за 2019 е најголем досега, а министерот Тевдовски е незаинтересиран и бега од расправата

  • December 20, 2018

На денешната расправа во Собранието пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Весна Пемова рече дека со денешното отсуството на министерот за финансии, Драган Тевдовски зборува за сериозноста на работата на целата Влада и сериозноста на сето она кое што треба да биде испорачано кон граѓаните на Република Македонија за 2019.

– Ако се гледа историски буџетот за 2019 година е најголем буџет досега, мегаломански буџет кој е полулистички и буџет кој што дополнително ќе ги осиромаши граѓаните на Република Македонија, потенцираше пратеничката Пемова.

Таа побара обаснување од СДСМ врз основа на кои факти и аргументи го базираат економскиот раст на БДП од 3.5 % за 2019 година?

-Ако се земе во предвид вашиот планиран раст на економијата за 2018 од 3.2% кој што со ребалансот го корегиравте на 2.8%, а проекцијата на меѓународниот монетарен фонд беше 1.6%, тешко дека во 2019 ќе има раст на БДП од 3.5%, истакна таа.

 

Претходно «
Следно »