ВЕЧЕРВА ЗАЛАДУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО!

  • August 11, 2016

 Денес во вечерните часови и во текот на ноќта поради продор на студена воздушна маса од север се очекува значителен пад на температурите и за повеќе од 10 степени. Локално вечерва и во текот на ноќта се очекува нестабилна облачност проследена со дожд и грмежи. Локално процесите можно е да бидат поинтензивни проследени со пороен дожд , силни електрични празнења , силен северен ветер и град. Сепак овој бран брзо се движи и е далеку послаб од минатиот.

Утре (12.08.2016) времето ќе биде променливо облачно , свежо и доста ветровито со сончеви периоди. Во поредпладневните часови не се исклучува можноста за локален слаб дожд. Ќе дува засилен , на некои места СИЛЕН ветер од северен правец кој ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Минималната температура ќе се движи од 8 до 16 степени. Максималната температура ќе се движи од 19 до 27 степени.

14012099_1020773751371665_241961183_n

Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски.

 Придружете се и бидете и вие дел од ПОПУЛАРНАТА фејсбук група: ИНФОРМАЦИИ ЗА ВРЕМЕНСКАТА СОСТОЈБА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА! Следете го интернет порталот и фејсбук страница: Meteo24.mk!

Претходно «
Следно »