ВЕЧЕРВА ЌЕ ВИДИТЕ ТУРСКА ИГРА НА „БУPE БAPУТ“: Турските актери од Истанбул на „Долни Сарај“

  • August 9, 2019

Вечерва во рамките на драмската програма на „Охридско лето“ е театарската претстава „Буре Баpyт“ на Дејан Дуковски, во режија на Јилдирај Шахинлер што на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 21 часот ќе ја донесат актерите на Народниот театар Истанбул.
„Буре Баpyт“ на Дејан Дуковски е претстава што е прикажана во многу европски земји и пошироко. Ремек-делото, е составено од 11 различни приказни поврзани во форма на една целина.

Режисерот на претставата, кој наедно е и директор на Народниот театар Истанбул, но и дел од актерската екипа што вечерва ќе излезе на сцената „Долни Сарај“, Уилдирај Шахинлер вели дека е почестен што е дел од фестивалот „Охридско лето. Охрид, според него е прекрасен град, град на културата а тоа, како што рече, се гледа од архитектурата, но и од возбудата кај луѓето што го подготвуваат фестивалот.

Пред да ја работиме претставата, најпрво го гледав филмот . Еден од моите пријатели ми кажа дека постои сценарио коешто е напишано за театарски изведби и решив да го преведам од англиски јазик. Претставата ја изведовме во Истанбул бидејќи приказната од „Бypе Бapут“ одговара и за Турција. Како режисер практикувам импровизација, но се разбира, со дозвола на драматургот и засега тоа резултира со прекрасни изведби. Вечерва ќе видите турска игра на „Бypе Бapут“, но сигурен сум дека ќе ја препознаете и македонската „Бypе Бapут“, рече Шахинлер.

Башак Гумулџинелиоглу е една од актерките која игра во театарската претстава и според неа „Бypе Баpyт“ ги зближила актерите и направила да се чувствуваат како едно семејство.

Претставата „Бypе Бapут“ пренесува една универзална и безвpeменска порака која одговара во кое било време особено за овие простори. Ја играме три години и веќе станавме едно семејство, истакна Гумулџинелиоглу.

Нејзиниот колега, актерот Еркан Џан рече дека вечерва публиката ќе види прекрасна игра на турските актери.

Вашата земја е прекрасна. Знам дека повторно ќе се вратиме овде со друга игра, рече Џан.

Иницијатоpoт којшто ја донесе театарската претстава „Бypе Бapут“ и турските актери на фестивалот „Охридско лето“ е Илијас Балта.

Претходно «
Следно »