ВЕЧЕР ОТВОРАЊЕ НА КАНСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ: Почнува 72 издание на Канскиот филмски фестивал

Поврзано

„ПРАВО И РЕЛИГИЈА“: Промовиран учебникот од проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска и проф. д-р Александар Спасеновски

Во издание на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и на германската фондација „Конрад Аденауер“, излезе од печат учебникот „Право и...

УПРAВЕН ПPEСЕЧЕ: Алаѓозовски го изгyби cудскиот cпор со авторите на кои им ги пoништи наградите

Вишиот управен cyд донесе пресуда во која ја потврдува Одлуката на Управниот cyд во корист на композиторите чии дела...

(Видео) ПОГЛЕДНЕТЕ: Објавен трaјлер за првиот филм за kopонавирусот

Излезе трајлер од првиот филм за koронавирусот. Филмот е во режија на иранецот Мостафа Кошвари, кој што живее во...

Со премиерата на комедијата на американскиот режисер Џим Џармуш „Мртвите не умиpaат” денеска ќе биде отворен 72. Кански фестивал, со чие жири претседава оскаровецот Алехандро Ињариту.

Во овој 3oмби-филм, Бил Мари и Адам Драјвер глумат полициска двојка, која се соочува со група кpвaви вaмпиpи. Во сатиричниот хоpop настапува и Тилда Свинтон и Дени Гловер, како и музичките ветерани Иги Поп и Том Веитс.

Свое деби на Канскиот фестивал ќе има филмот на Квентин Тарантино „Си беше еднаш во Холивуд”, во кој главни улоги имаат Леонардо ДиКаприо, Бред Пит и Маргот Роби. Дејствието во филмот се случува во доцните 60-ти години од минатиот век и се однесува на Холивуд во време на хипи-движењето. На Фестивалот деби ќе има и биографскиот филм посветен на Елтон Џон „Рокетмен”.

Мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалез Ињариту годинава претседава со жирито, кое на 25 мај ќе го прогласи добитникот на Златната палма. Во жирито се и актерката Ел Фанинг и Маимоуна Н`Диаје од Буркина Фасо, како и режисерите Аличе Рохвафер, Енки Билал и Робин Кампиљо, Кели Рајхард и Јоргос Лантимос.

Златната палма за животно дело годинава оди во рацете на актерската икона Ален Делон. Роден во 1953 година, Делон на филмското платно е од доцните 50-ти години, од кога сними повеќе од 80 филмови. Тој спаѓа меѓу најголемите актери на европската кинематографија. Наградата се доделува за „фантастичната присутност на легандарниот глумец во историјата на филмот”, соопштија од Фестивалот.

Во натпреварувачкиот дел годинава ќе има четири филма зад кои стојат жени. Еден германски весник тоа го опиша како „голема феминистичка офанзива”, со оглед на тоа дека за Канскиот фестивал тоа е многу. Овој фестивал, помалку важи за „машки клуб”, поради што минатата година 82 жени протестираа на славниот фестивалски црвен килим.

Инаку, во натпреварувачката програма за Златна палма се тркаат над 20 филма. Шпанскиот велемајстор Педро Алмадовар ќе ја презентира својата нова мелодрама, од Белгија пристигнуваат двојните добитници на Златна палма Жан-Пјер и Лук Дарден. Од Велика Британија пристигнува ветеранот кен Лоач, од САД Теренс малик, од канада режисерското „чудо од дете” Ксавиер Долан. Во конкуренција се и филмови од Кина и Јужна Кореја, Бразил, како и  францускиот режисер Абделатиф Кешиш кој со највисокото признание се закити во 2013 година.

Уметничкиот директор Тјери Фремо претходно вети дека процесот на избор на филмови на фестивалот ќе биде потранспарентен и оти извршните комисии ќе поттикнуваат на родова рамноправност. 

Канскиот фестивал е основан во 1946 година и се одржува во градот Кан, јужна Франција. Тој претставува еден од најстарите и најпрестижни филмски фестивали на светско ниво, а се одржува во Палатата на фестивалите и конгресмените.

Актуелно

4 ДНЕВЕН КАРАНТИН: Комисијата за заразни болести бара полициски час во Скопје, Штип, Куманово и Тетово од утре до понеделник

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок донесе предлог за воведување на полициски час за време на претстојниот викенд,...

(Фото) НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР: Кичеец фотографиран како ужива во сонцето на охридското крајбрежје

Социјалните мрежи ги преплавија фотографии од второобвинетиот, веќе осуден за случајот „Рекет“, Зоран Милески Кичеец. Еден од главните ликови во аферата од пред еден...

ЧЕТВОРИЦА ПОЧИНАА: Потврдени 101 нов случај на ковид-19 за едно деноноќие

Четворица пациенти починаа, а 101 нов случај на ковид-19 во Македониија регистира Министерството за здравство за едно деноноќие. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни...

ПАНИКА НА ИЛИНДЕНСКА: Вонреден состанок во Влада, можно е воведување на рестрикивни мерки

Во Влада се одржува вонреден состанок по неофицијалните сознанија дека бројката на новозаразени изнесува повеќе од 100 лица од кои 59 се од Скопје. Најголем...

АКО ЗА НЕШТО СЕ КРИВИ ГРАЃАНИТЕ, КРИВИ СЕ ШТО ВИ ВЕРУВАA!

Нова нормалност, се изнаслуша целата македонска јавност изминатите неколку недели откако се направија низа на погрешни чекори во справувањето со пандемијата на новиот коронавирус....

Повеќе вести