ВЕЧНА СЛАВА: На денешен ден во кукавички напад на албанските терористички банди загинаа десетмина херои!

  • August 8, 2016

Прилеп денеска со бројни чествувања и сеќавања ја одбележа 15-годишнината од загинувањето на 10-те бранители кај месноста Карпалак на патот Скопје – Тетово, кога воениот конвој од прилепската касарна на пат за Тетово беше пресретнат во заседа.

karpalak-zaginati15

 

Изутрината на гробовите на 10-те загинати во Прилеп: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски беа положени свежи цвеќиња и беше поставен јарболот со македонското знаме.

Централното чествување се одржа пред споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.

За семејствата и за соборците на загинатите и 15 години потоа е непребол, но и да остане грижата на државата за семејствата.

– Непребол е до денеска. Не можам се уште да сфатам дека го нема син ми Марко Деспотоски. Мојата порака е никогаш да не се повтори ова, вели мајката на Марко Деспотовски, Илинка Петреска.

Според Игор Петрески, претседател на здружението „Карпалак“, сеќавањата на соборците не бледнеат. Државата направи за нив и за семејствата, но секогаш има уште што да се стори.

– Останува да се завршат обврските околу здравственото осигурување и за вработувањата, вели Петрески.

Бројни делегации положија цвеќе и се поклонија пред споменикот во центарот на Прилеп. Владината делегација ја предводеше министерот за одбрана Зоран Јолевски. Свежи цвеќиња положија претставници од генералштабот на АРМ, од градот Прилеп, семејствата на загинатите, бројни здруженија, партии и граѓани.

Обраќајќи им се на присутните, прилепскиот градоначалник и учесник во настаните на Карпалак во 2001-та, Марјан Ристески, рече дека Македонија денеска тагува: по своите бранители и по загинатите од невремето во Скопско. Со едноминутно молчење им беше оддадена почит и на бранителите и на загинатите од невремето.

Според Ристески, денеска е денот кој не може да се избрише од сеќавањето. Чествуваме и ветуваме.

– Прилеп денеска со големо достоинство чествува во името на храброста на бранителите и нивното херојство. Болката не може да се потисне, но останува аманетот: никогаш да не се повтори 8 август 2001 година, а ние ветуваме дека ќе се грижиме за семејствата и за развојот на Прилеп за посреќни денови, рече Ристески.

За министерот за одбрана Зоран Јолевски, државата нема да ги заборави бранителите, ниту нивните семејства.karpalak

– Државата и Министерството за одбрана се грижат за своите припадници и за нивните семејства. Загубата на бранителите вечно ќе не потсетува дека слободата на татковината нема цена. Наша должност е да продолжиме да оддаваме почит на делото и на жртвата на нашите бранители. Професионалните војници на АРМ се подготвени да ги чуваат независноста и суверенитетот на државата, рече Јолевски.

Претходно «
Следно »