„ВЕЧНИТЕ РИВАЛИ“ ВО „ВЕЧНОТО ДЕРБИ“ ВО БИTКА ЗА ТИТУЛАТА: Работнички и МЗТ ќе ги одмepaт cилитe во финалето

  • June 5, 2019

Работнички е вториот финалист во домашниот кошаркарски плеј-оф. Избраниците на Марин Докузовски ја добија „мајсторката“ со Блокотехна во Скопје и најавија финале со градскиот ривал од „Јане Сандански“.

Искучително неизвесниот меч понуди драматично прво полувреме во кое Работнички се избори за предност од само два поени. По еден поен разлика момците на Докузовски успеаја да направат и во двете четвртини, во кои и двата тима се менуваа во водството..

Кај Работнички вечерва одлично издание понуди Бугаринот Чавдар Костов кој средбата ја заврши со 27 поени, а Јанески и Чековски додадоа по 16. Кај екипата на Блокотехна Мијатовиќ заврши како прв поентер со 22 поени.

Кошаркарите на МЗТ Скопје се првите патници во финалето на плеј-офот во домашното првенство. Избраниците на Ѓорѓи Кочов успеаа да се пласираат во завршната рунда во битка за титулата  откако беа поуспешни од екипата на Гостивар.

Претходно «
Следно »