ВЕЌЕ ИЗБРАНА ЛОКАЦИЈАТА ЗА ИЗГРАДБА НА МИГРАНТСКА НАСЕЛБА: Жителите на Аеродром загрижени поради најавите на владата!

  • August 18, 2017

И покрај загриженоста на жителите на општина Аеродром, дека на територија на нивната општина ќе се градат мигрантски населби, и покрај апелите на општинските власти Владата да се откаже од овој план, владиниот кабинет на Зоран Заев веќе разгледувал и конкретна локација за тоа каде би се изградиле зградите во кои треба да бидат сместени мигрантите од Сирија, Авганистан, Ирак, Либија, Сомалија

 

Аеродромци се загрижени дека владата нема да ги послуша нивните апели и да се откаже од изградба на мигрантски кампови во нивната општина. Како што објавуваат на ФБ групата „Аеродром во моето срце“, добиле информација од извор близок до владата дека веќе се разгледувала конкретна локација за изградба на мигрантската населба.

Истата се наоѓа во близина на училиштето „Лазо Ангеловски“ во населбата Ново Лисиче.

Претходно «
Следно »