(Видео)АМЕРИКАНЦИТЕ СПОНЗОРИРААТ БРУТАЛЕН ТЕРОРИЗАМ: Рускиот хеликоптер соборен од ИСИС со американски проектил!

  • July 10, 2016

Со американски ракетен фрлач (TOW) исламистите во Сирија го собориле рускиот хеликоптер МИ-25 за време на борби во близина на Палмира, при што загинале двајцата пилоти во леталото. Џихадистите побрзаа снимката од уривањето на хеликоптерот да се појави на социјалните мрежи, а со цел да покажат дека се моќни и против руската авијација.

helikopter_soboruvanje

Светски агенции пренесоа соопштение од Министерството за одбрана на Русија, а во кое се вели дека хеликоптерот бил урнат во текот на акција против поголем одред на терористи од ИСИЛ кој ги нападнал позициите на сириската војска источно од Палмира. Терористите успеале да ја освојат клучната висорамнина каде била стационирана сириската армија, по што биле активирани руските хеликоптери за да го спречат напредувањето на борците на ИСИЛ.

Во хеликоптерот биле двајца пилоти, кои извеле успешна акција против одредот исламисти. Откако останале без муниција, тргнале да се повлекуваат кон базата. Во тој миг кон леталото бил истрелан проектилот од копно кој, како што може да се види од снимката, го погодил хеликоптерот во задниот дел и целосно ја откинал опашката.

Хеликоптерот почна да се врти во воздух, се преврте наопаку за во еден миг да тресне на земја. Се појави и огнена печурка како резултат од силната експлозија која го разнесе леталото сосе пилотите во него.

Претходно «
Следно »