(Видео)АРАМ ДА МУ Е НА ОВА СПЕЦИЈАЛНО ОБВИНИТЕЛСТВО: Јакимовски на прес конференција пред СЈО, најави истраги за криминали на Заев и владата!

  • October 11, 2018

Им честитам на пратениците на досегашната истрајност, на сите притисоци, и ги повикувам да издржат уште малку – рече Јакимовски на денешната прес-конференција пред СЈО, на која ги повика обвинителите барем еднаш да го прашаат за документот на кој стои потпис од Зоран Заев со кој се бара поткуп од 250.000 евра

 

Новата истрага, Јакимовски ја оцени како ништо друго освен политички притисок и пресметка со него по нарачка на СДСМ. Тој додава дека пресметките по нарачка на владејачката партија до сега им се „удрија од глава“, објаснувајќи дека неговиот „ајварден“ ја победи целата пропагандна машинерија.

„Арам да му е на ова специјално јавно обвинителство, како бре луѓе до сега не се одважи да ме праша ‘Има ли нешто точно во она што сум го кажал, дека Заев ми барал 250.000 евра мито за договор да се потпише токму во општина Струмица’?“ – вели Јакимовски и додава, „100 пати до сега сум и го кажал криминалот на Зоран Заев и тој договор не се потпиша со фирмата ‘Аса интернешнл’“.

Лидерот на ГРОМ бара СДСМ да не бега од одговорност, и да овозможи 100 дена влада во кој период ќе се откријат сите криминали на Заев и неговата фамилија, но и на обвинителите во СЈО кои си ги вработиле целите семејства по државни институции за високи плати.

Јакимовски најави и истраги за криминали во Владата, министерството за здравство, МВР, Министерството за одбрана и многу други индикации за криминално делување на актуелната власт.

 

Претходно «
Следно »