(Видео)АТОМСКИОТ БУНКЕР НА ЈОСИП БРОЗ ТИТО: Погледнете внатре во најтајниот бункер направен по нарачка на Тито!

  • January 22, 2017

Околу 300 метри под зеја, во близина на босанското гратче Коњица, се крие бункерот на Јосип Броз Тито, некогашен претседателна бивша Југославија кој наредил изградбата да се одвива во најголема тајност, со цел во случај на нуклеарна катастрофа тој и неговото семејство заедно со 35о најважни политички и воени соработници да можат да се заслонат

tito-bunker

Воениот објект по име Д-О АРЦ е граден под велот на тајноста дури 26 години, помеѓу 1953 година и 1979 година, во времето на Студената војна, а е опремен со насјовремена технологија за тоа време. И денес може да се видат фиксни телефони, машини за пишување и друга позната апаратура за комуникација од средината на минатиот век.

Бункерот се простира на 6.854 квадратни метри и се состои од три дела. Во првиот дел се наоѓа надзорна резиденција, место за техничка поддршка и потесното обезбедување. Потоа следи металната врата со дебелина од 1.20 метри и тунел кој води до центарот на атомската скривница, која може да издржи удар со моќност од 20 килотони.

Третиот дел се состои од противпожарен систем, клима систем, простор за комуникација, складиште за вода и нафта и слични, како и стамбен простор за Тито и Јованка.

Температурата во бункерот е помеѓу 21 и 23 степени Целзиусови, а влажноста на воздухот од 60 до 70 отсто, што претставуваат идеални услови за живот. Целиот простор е осветлен со 6.000 неонски сијалици.

Денес овој бункер има улога на редок музеј за разни уметници од целиот свет, но претставува и потсетник на времињата во кои заканите од нуклеарна војна биле секојдневна појава.

Погледнете во тајниот бункер на Тито во кој е возможно да се преживее нуклеарна апокалипса.

Претходно «
Следно »