(Видео)БАРИКАДИ ПРЕД СОБРАНИЕТО: Демонстрантите поставија барикади, полицијата насила ги сруши

  • July 6, 2018

Неколку стотина граѓани вчера протестираа пред Собранието на Р.Македонија, каде изразија незадоволство и револт поради повторното гласање на законот за ратификација на договорот од Преспа, откако претседателот Ѓорѓе Иванов одби да го потпише првиот пат

На протестот присуствуваа и неколку говорници, меѓу кои и Љупчо Палевски и Јанко Бачев.

По завршувањето на протестот, демонстрантите поставија импровизирани барикади на крстосницата помеѓу Градската болница и Собранието на Р.Македонија, на која беа истакнати пораки напишани од демонстрантите. Меѓу оние кои протестираа на барикадите беа и мајки со деца, постари но и млади луѓе.

Неколку часа по поставувањето на барикадите дојде и до расправија помеѓу полицијата и демонстрантите, за на крајот, нешто по полноќ на сила истите да бидат отстранети од страна на полицијата.

Претходно «
Следно »