(Видео)БИЗАРЕН ЕКСПЕРИМЕТН: Каков е вкусот на човечкото месо?

  • February 25, 2018

Дали некогаш сте се запрашале каков е вкусот на човечкото месо? Дали повеќе личи на пилешко, јагнешко или свинско?

Грег Фут, водител на научно-забавната емисија “BritLab” на британскиот канал “BBC” одлучи да се впушти во табу светот на човечкиот вкус со голема помош на експерти.

Поради фактот дека во Велика Британија консумирањето на човечко месо е илегално, како и во поголемиот дел од државите во светот, Фут се одлучи за поинаков пристап – вршење на биопсија на мускулите на ногата. Парчето месо потоа е “зготвено” во лабораторија за да го помириса.

Со оглед на тоа дека вкусот на месо може да се “репродуцира” во човечкиот мозок до дури 80% точност користејќи го само чувството за мирис, Фут мораше да се потпре на тој пристап, инаку би завршил во затвор.

Со дополнителна анализа во лабораторијата заклучено е дека човечкиот мускул одговара на пилешко и говедско месо.

Претходно «
Следно »