December 9, 2021, 10:51 am

(Видео)Боцевски потврдува дека pecпиpaтopи се тoвapeлe на „ДХЛ“ – Филипче шиpи „лaжни вecти“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Боцевски потврди дека разговорот е автентичен, и дека во тој период навистина работел со Бразилските власти за ослободување на пратката на 50 респиратори од производителот „Магна-мед“ за Македонија, но дека не знае дали во тој момент истите биле платени иако во разговорот со новинарот Миленко Неделковски кој вчера беше објавен на социјалните мрежи вели дека респираторите биле платени, а за нив била платена и царинската такса, а само се чекало истите да бидат натоварени на авион на поштенската компанија „ДХЛ“.

Министерот за здравство Венко Филипче пак, повторно не понуди одговори на обвинувањата дека набавката вредна 1.2 милиони евра била незаконска, а се уште никој не знае каде завршиле парите. Дека не се знае каде се парите тврди и сопственикот на компанијата „Соникс“, кој во телефонски разговор за „Инфомакс“ вели дека од МЗ никогаш не легнале пари на нивната сметка.

Нешто пред 19.март 2020 година, непосредно по започнувањето на пандемијата на КОВИД19, Филипче започнал со постапка за интервентна набавка на респиратори. На повикот за набавката се јавиле четворица понудувачи – Нет Електроникс со понуда за набавка на респиратори од компанијата „Џенерал Електрикс“ по цена од 17.377 евра, Винора со понуда за респиратори од компанијата „Дрегер“ по цена од 24.800 евра, Соникс со понуда за респиратори од производителот „Магна мед“ по цена од 25.203 евра, и Комед со понуда за респиратори од компанијата „Пуритан“ по цена од 30.244 евра по респиратор.

Одбрана била компанијата застапник токму на бразилската „Магна-мед“ иако истата е втора најскапа понуда на јавниот повик.

На 19.март 2020 година, на прес конференција Венко Филипче на прашање на Инфомакс демантираше, и обвини дека новинарот шири лажни вести, без притоа да даде објаснување на обвинувањата. Напротив, тогаш министерот за здравство тврдеше дека набавката не е завршена и дека понудите ќе одат на дополнителна аукција за намалување на цените.
Истата вечер, додека траеше прес-конференцијата, во Бразил се случувала драма. Тогашниот амбасадор Ивица Боцевски во разговорот објавен на социјалните мрежи вели дека респираторите се царинети, и се чека да се натоварат на „ДХЛ“ но проблем претставува декретот на бразилскиот претседател Болсонаро со кој тогаш се забрани извоз на медицинска опрема.

– Моја задача како амбасадор беше да се потрудам бразилската царина да ги ослободи респираторите и покрај декретот на претседателот Болсонаро за забрана на извоз на респиратори. За жал како последни земји кои набавија во тој период од компанијата „Магна-мед“ беа Парагвај, Македонија и Италија. Нивните респиратори беа закочени и запленети од бразилските федерални власти.

Од изјавата на Боцевски можат да се заклучат две работи. Првата е дека респираторите за Италија, Парагвај и Македонија биле запленети од царинските власти на Бразил. Втората работа која може да се заклучи од изјавата на Боцевски е дека набавката се случила, респираторите биле царинети.

Прашањето пак кое произлегува од ова е – Каде се респираторите и каде се парите? Како е платена царина ако не се платени респираторите или ако нема склучен договор за набавка?

Немањето на одговор на овие прашања, или криењето на вистината пак, не остава друг начин на одговор од страна на Филипче и СДСМ освен да обвинуваат за наводни „лажни вести“.

На 21.март 2020 година пак, Филипче се поправа од првичната изјава полна со обвинувања и тврди дека набавката е поништена, но ретроактивно признава дека респираторите биле задржани во Бразил и дека МНР и амбасадорот Боцевски работеле на откочување на набавката. Факт кој се случувал два дена порано, но веројатно со новото соопштение на Филипче министерот ја покривал претходно обелоденетата состојба.

На крајот, еве неколку прашања за министерот Венко Филипче:

А.Митовски

Latest News

Кина одобри лек за третман на Ковид-19

Кина го одобри лекот за третман на заболените од Ковид-19. За разлика од превентивната вакцина, третманот со лекот е наменет...

More Articles Like This