(Видео)ВАКА ИЗГЛЕДААТ ИЗМАЧУВАЊАТА НА ЦИА: 13 години во притвор, содомија, претепување, изгладнување и тоа без обвинение!

Поврзано

Се очекуваат првите резултати од лекот за кopoнавирусот

Светската здравствена организација во рок од две недели ги очекува првите резултати од клиничките испитувања на лекови кои би...

Cитуaцијaтa е надвор од контрола – Над 55 илјади нoвoзaрaзeни во САД во едно деноноќие

САД постигнаа нов 24 часовен рекорд на заболени од Ковид-19 – во изминатото деноноќие беа регистрирани над 55.274 инфекции,...

Железнична нecрeќa во Пакистан, најмалку 19 зaгинaти

Најмалку 19 луѓе загинаа откако воз удри во автобус, што поминувал на необележан железнички премин во близина на градот...

Двајца бивши затвореници, кои ЦИА ги дрежа и мачела на тајно место повеќе од една деценија, за „Хјуман Рајтс Воч“ изјавиле дека испрашувачите им се заканувале со електрични столици и со разни други инквизициски методи

zatvorenici_cia

Двајцата бивши затвореници на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) ги опишале методите на измачување на затвореници, кои претходно не биле објавени во документите на агенцијата, меѓу кои и методи на мачење со електрична енергија.

„Тие двајца, Рида ел Наџр (51) и Лотфи ел Араби ел Гериши (52) во два независни извештаи ја опишале истата ситуација…дека им се заканувале со електрична столица, дека биле изложени на разни облици на мачење со вода и дека биле подолг период држени во окови на рацете и ланци поставени на плафонот во нивните ќелии“ се наведува во извештајот.

Двајцата затвореници го опишале металниот уред кој имал жици со штипки во кој се ставале прстите, и кацига поврзана со жици, се наведува во извештајот.

Според организацијата за човекови права, двајцата објасниле дека американските истражители им ја покажувале електричната столица и им се заканувале дека ќе ја употребат. Наџар ги опишал начините на мачење со вода, како што е потопувањето во големо буре со студена вода со лицето надолу, додека бил врзан за даска, се наведува во извештајот.

Наџар рекол дека во притворот повремено го посетувал лекар, а кого рекол дека е Американец, и повремено му давал инекции за да му спаднат отоците од ќотекот. „Но кога отоците ќе спаднат, овој лекар дава зелено светло дека мачењето може одново да започне“, рекол тој во разговор со ХРВ. Бившите затвореници исто така кажале дека во ланци биле закачувани на шипка на плафонот во ќелиите, додека истражителите во повеќе наврати во таа состојба ги тепале, како и потоа.

Гериши рекол дека му покажале ковчег и му рекле дека ќе го стават во него. Импровизираната електрична столица се споменува на 499 страници во резимето на амерканскиот сенат за мачење, каде се опишани сите техники на сурова тортура – од потопување во вода, до содомија и рутинско закачување на затворениците на шипка по речиси цел ден. Целиот извештај на Сенатот е преку 6.000 страници, а и понатаму е означен како доверлив.


Двајцата затвореници биле уапсени во Пакистан, со шест месеци разлика. Наџар наодно бил телохранител на Осама бин Ладен, нешто што тој го одрекува, а ЦИА никогаш нема дадено никакви докази кои би го поддржале ова тврдење. Гериши вели дека тој бил уапсен со обвинение дека е припадник на Ал Каеда или дека има врски со терористите, нешто што тој исто така го одрекува.

Двајцата се од Тунис, пуштени се на слобода и вратени во својата земја минатата година. Никогаш не биле обвинети за злочин, а американската влада им нема дадено никакво надомест за мачењето, ниту за држењето во притвор без обвинение цели 13 години.

Актуелно

(Фото) Нeврeмeтo нарави хaoc во Скопје

Невремето кое пред малку го затекна главниот град на Македонија предизвика хаос во собраќајот. Голем број возила чекаат во...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото обраќање може да го следите...

Чулев: Изборни нepегуларности нajcтрого ќе се caнкционираат, без разлика од која партија доаѓаат

Главен акцент треба да се стави на спречување на секаков вид на изборни нерегуларности, кои најстрого ќе бидат санкционирани, без оглед од која политичка...

(Видео) По зakaните по неговиот и животот на Јовановски, Дуковски видно вознемиpeн, известени се и амбасадите

Видно вознемирен и нервозен вака може единствено да се опиште денешниот настап на адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски при изјавата пред обвинителството откако...

Нови „бомби“ во етерот – што мисли Заев за Бранко Црвенковски и неговите луѓе, и колкав е неговиот капитал

Нови аудио снимки од свиркачи се појавија на социјалната мрежа „ЈуТјуб“ на кои може да се слушнат секвенци од разгвор кој Зоран Заев го...

Повеќе вести