(Видео)ВОЈСКАТА ВО КАЛ ДО КОЛЕНА: Војската неуморно работи на терен во расчистување на хаосот!

  • August 10, 2016

Војската која помага на терен, не знае за умор од утро до мрак се во кал до колена.

Раскашавена кал и нечиста вода, со денови армијата ги чисти куќите, во околните села од скопската обиколница, најпогодени од саботното невреме. Војската која помага на терен, не знае за умор од утро до мрак се во кал до колена. На овие луѓе во чии очи има само солзи и грч на лицето, секоја помош им е добредојдена. Припадниците на АРМ, се обидуваат барем малку да ја ублажат трагедијата што ги снајде, овие луѓе.

-Нема што нема внатре, храна … се тоа е поплавено до горе, до прозор. Чистевме вчера со моторна пумпа беа од армијата, не успеавме да исчистиме се, денеска дојдоа пак, еве на раце се изнесуваат надвор рече пред камерата на Алфа, Сузана Стевковска од селото Смиљковци.

Алфа утрово, со армијата, направи обиколка во погодените села. Кога стигнавме во Смиљковци, се делеше појадок. Водач беше човек од месното население, имаше список на кое семејство што му е потребно. Додека еден дел од војската делеше храна, другите припадници на АРМ, ги чистеа куќите и подрумите.

-Во секое село во кое влегуваме прво разговараме со населението, пружиме помош во расчистување на домовите, подрумите, дворовите, каде што живеат, каде што се сместени и делиме храна рече Саше Смилески поручник АРМ.

Следната станица беше Инџиково, пумпите за вода, се најпотребни во оваа скопско село. Скоро во секоја куќа има вода, жителите велат дека по поплавата, ова е 4 пат како ја собираат водата од домовите. Синоќа армијата чистела до 22 часот навечер, изутринава уште рано пристигнале во селото. Припадниците на армијата ќе останат на терен во погодените подрачја од поплавата, колку што им се потребни на жителите кои во невремето изгубија се.

-Од почетокот ги ангажиравме и специјалните тимови за пребарување и евакуирање на населението, додека во понатамошниот период каде има потреба таму сме. Денеска во план е распределба на храна , извлекување на вода од подрумите со помош на пумпи, и секаде каде има потреба сме ангажирани вели потполковникот на АРМ, Тони Јаневски.

Претседателот Иванов од денеска го зголеми бројот на војниците на терен, бидејќи неопходна им е помош на жителите погодени од катастрофалната поплава. Армијата задно со полицијата уште од критичниот ден се на терен, веднаш по стравотната поплава специјалците на АМР и МВР почнаа мисија со пробивање на патиштата и пребарување на најпогодените места. Благодарение на нив 1000 животи беа спасени

Катерина Гетева
AlfaTV

Претходно «
Следно »