(Видео)ГАЛАМЕЊЕТО И НЕЛОЈАЛНОСТА НЕ СМЕАТ ДА БИДАТ НАГРАДЕНИ: Партијата треба да е свесна дека ќе има последици доколку ги наградува оние кои и’ правеле штета, а ги запоставува лојалните членови!

  • March 26, 2018

Партијата треба да е свесна дека ќе има последици доколку ги наградува оние кои и’ правеле штета, а ги запоставува лојалните членови кои давале се од себе за ВМРО-ДПМНЕ – изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во гостувањето на „Алфаскоп“

„Мене граѓаните ме гласале како пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, јас тој глас и тој мандат немам намера да го изневерам имам намера само да го оправдам. И тоа ќе го направам на начин на кој што го правам од 1992. година од кога сум член на ВМРО-ДПМНЕ и ќе продолжам во иднина“ – изјави Милошоски.

Тој смета дека за членовите и за луѓето е погрешна лекција е луѓето кои не биле лојални и работеле на штета на партискиот интерес да бидат наградени, а спротивно лојалните да бидат деградирани.

„На тој начин се праќа една погрешна поука дека нелојалноста, галамењето, правењето на кавги и работењето на штета на партијата по извесно време ќе се награди, а лојалноста на членовите на партијата нема да се цени.“ – објаснува Милошоски.

Претходно, членовите на ВМРО-ДПМНЕ беа незадоволни од поставувањето на голем дел од т.н. реформатори во раководните структури на партијата, како и промоцијата на лица кои имаат нерасчистено минато со партијата.

Партијата треба да е свесна дека ќе има последици доколку ги наградува оние кои и' правеле штета, а ги запоставува лојалните членови кои давале се од себе за ВМРО-ДПМНЕ.

Posted by Antonio Milososki on Monday, 26 March 2018

Претходно «
Следно »