(Видео+Галерија) Екс обвинителkaта излезе од притвop: Катица Јанева пристигна дома, Инфомакс ја пречека

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство веќе се наоѓа во својот дом и ќе издржува поблага мерка за претпазливост, домашен притвор . Екипата на Инфомакс ексклузивно ја дочека Јанева пред нејзиниот дом, каде предмалку таа беше донесена со полициска придружба.

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски во своето јавување повторно  го посочи фактот дека во исказите на сведоците се споменуваат низа политичари, а досега само еден е дел од обвинението, потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски. Останатите политичари меѓу кои и премиерот Зоран Заев кои се споменуваат во исказите на сведоците, досега не се повикани ниту на распит во обвинителството.

Катица Јанева оди во куќен притвор откако вака денеска одлучи скопскиот апелационен суд, по жалбата на екс специјалната обвинителка поради здравствените проблеми.

Инаку таа претходно понуди гаранција од три станови но кривичниот суд не ја прифати. Сега Јанева оди во домашен притвор но без гаранцијата. Таа во затворот во Шутка беше од 21 август годинава кога беше уапсена како осомничена во Рекет.

 

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/1361897377322558/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This