(Видео)ГОЛЕМ ВОЕН СУДИР НА ПОВИДОК: Сириската војска влезе во Африн, Турција спрема офанзива!

  • February 20, 2018

Претставникот на Народните заштитни единици во Африн Бруск Хасеке изјавил дека сириските владини сили влегле во Африн, кој е под опасада на турската војска. Меѓутоа, сириските сили сеуште не ја потврдиле информацијата

„Да тоа е точно. Денес војската на сирија влезе во Африн да го брани градот од вооружените сили на Турција и Слободната сириска војска заедно со курдските сили на народната заштита. Владините сили дојдоа да му помогнат на народот во Африн. Не можеме да го пријавиме бројот кој влезе во Африн. Тоа се воени информации“, додава Хасеке.

Истовремено сириската државна телевизија јави дека конвој на борци со сириски знамиња влегол во северниот регион на Африн кој го контролираат Курдите, а околу кој Турција води своја воена операција.

Владините сили се снимени како влегуваат во селото Нубул во дваесетина камиони. Извор на терен го потврдил движењето на трупите во Африн.

Разместувањето доаѓа по објавувањето на договорот помеѓу Дамаск и курдските власти кои бараа учество на централната влада по континуираната борба против Турција и вооружените сили кои ги поддржува Анакра.

Турските претставници претходно предупредија дека нивните сили ќе го опколат Африн ако таму се појават сириски владини сили.

Претходно «
Следно »