(Видео)ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ДЕБАРЦА: Мистериозно се запали боровата и дабовата шума каде треба да се гради депонија

  • October 29, 2018

Дали некој со мафијашки методи во Дебарца сака да изгради депонија? Откако граѓаните на Дебарца и околните села јасно им ставија до знаење на локалните власти дека не се согласуваат со изградбата депонијата, мистериозно се запали околната шума во Годивско поле.

Имено според нашите информации немало помош од надлежните, мештаните после шест часовно напорно гасење на пожарот успеале да го локализираат, но како што велат за жал голем дел од боровата и дабовата шума бил уништен. Се уште се нејасни причините за пожарот и дали тој е подметнат.

 

После шест часовно напорно гасење успеавме да го локализирам пожарот во Годивско поле, за жал голем дел борова и дабова шума се уништи, пишуваат граѓаните на Фејсбук.

Претходно «
Следно »