(Видео)ГОРИ БАРСЕЛОНА: „Каталонска пролет“ по апсењето на сепаратистичкиот лидер Карлес Пуџдемон!

  • March 25, 2018

Противници и поддржувач на отцепувањето на Каталонија од Шпанија денес се организираа на различни собири во Барселона, по апсењето на бившиот каталонски лидер Карлос Пуџдемон во Германија

Во судир помеѓу демонстрантите и полицијата на протестот во Барселона повредени се 52 лица, јаувваат локалните медиуми. Полицијата соопшти дека три лица се уапсени.

Претходно е соопштено дека 15 лица побарале медицинска помош.

Демонстрантите на полицијата фрлаа со шишиња, конзерви и запалки и се обидоа да го пробијат полицискиот кордон.

Сепаратистичката партија Каталонска национална асамблеја и радикално левичарската Кандидатура на народното единство повикаа нивните поддржувачи да излезат на улица и да му помогнат на Пуџдемон.

Тие најавија марш до просторијата на делегацијата на Европската комисија, а оттаму до конзулатот на Германија во Барселона.

Кандидатура на народното единство, повикаа и на граѓанска непослушност, најавувајќи „каталонска пролет“.

Претходно «
Следно »