(Видео)ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ЕВАКУАЦИЈА: Состојбата во Тетово е критична, густ црн канцероген облак ги гуши Тетовчани!

  • August 19, 2017

Алармантна е состојбата во Тетово, изби пожар од дивата депонија. Се случи токму она од кое тетовчани стравува- дека ќе се соочат со истиот проблем како стружани.

Пламените јазици се шират кон силосите за жито на влезот на Тетово. Во близнина има и далековод кој што исто така може да биде зафатен од пожарот.

На неколкупати од депонијата се издигнува густ, црн чад, а граѓаните се жалат дека несподносливата смрдеа и чадот освен близу депонијата сега се чувствува насекаде низ Тетово.

Загрижените граѓани повикуваат на евакуација на населението, поради густиот канцероген чад кој се издигнува над градот, а за кој Теута Арифи нема одговор бидејќи сеуште е на одмор.

Претходно «
Следно »